Црна хроника
Полицијата уапси четворица возачи под дејство на алкохол

Полициски службеници од СВР Куманово денеска во 2:11 часот го лишиле од слобода С.П.(35) од Куманово. При сообраќајна контрола полициските службеници запреле патничко возило „опел“, кое го управувал С.П., и при извршена контрола било констатирано дека тој е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2,58 промили алкохол во крвта.
МВР информира дека на автопатот Скопје – Куманово, во петокот (8 август) во 21 часот, од слобода бил лишен Б.С.(46) од Крива Паланка. При сообраќајна контрола полициските службеници запреле патничко возило „фолксваген голф“ кое тој го управувал. При извршена контрола било констатирано дека го управувал под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2,51 промили алкохол во крвта.
При сообраќајна контрола во Битола, ноќеска во 2:55 часот, полициските службеници запреле патничко возило „мерцедес“, кое го управувала М.А.(25) од Битола, и при извршена контрола било констатирано дека го управувала под дејство на алкохол, односно ѝ биле измерени 1,64 промили алкохол во крвта.
Полициски службеници од ОВР Ресен во петокот во 23.26 часот, го лишиле од слобода Б.Д.(43) од струшкото село Ливада. При сообраќајна контрола полициските службеници запреле патничко возило „форд“, кое го управувал Б.Д., и при извршена контрола било констатирано дека го управувал под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,52 промили алкохол во крвта.
-По целосно документирање на случаите против лицата ќе бидат поднесени пријави по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“, соопшти Министерството за внатрешни работи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Масовна тепачка во Трубарево: полицијата приведе седум лица

Вчера во 20:35 часот во село Трубарево, скопско, полициски службеници од СВР Скопје ги привеле Џ.Ј.(32), А.Р.(39), А.Р.(36), Ш.Р.(39), Р.С.(35), Е.И.(27) и еден малолетник, сите од Скопје, затоа што А.Р.(39), А.Р.(36) и Џ.Ј. физички ги нападнале Д.Т.(47) и неговите две малолетни деца, при што употребиле тврди предмети, а потоа заедно со останатите лица агресивно се однесувале кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Пожар во куќа во изградба во Скопје: нема повредени

Вчера околу 16:00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на улицата „Хо Ши Мин“ настанал пожар во куќа во изградба, сопственост на 55-годишниот М.Ц. од Скопје.
Од пожарот била опожарена фасада од куќата, а екипа од Бригадата за противпожарна заштита Скопје го изгаснала пожарот.
Повредени лица нема. Бил извршен увид.
Црна хроника
Скопјанец се повредил додека работел во приватна фирма во Визбегово: пренесен е во болница

Вчера околу 09:45 часот во СВР Скопје, од приватна болница во Скопје било пријавено дека кај нив со повреди бил донесен 57-годишниот И.М. од Скопје.
Според пријавеното, тој со повредите се здобил додека извршувал работни задачи во приватна фирма во село Визбегово, скопско.
Известен бил трудов инспектор, а полициски службеници излегле на местото на настанот.