Црна хроника
Поткуп во Радовиш – на гласачи им се ветувал приклучок за вода ако гласаат за одредена политичка партија
Полицијата поднесе кривична пријава против две лица во Радовиш осомничени за поткуп за изборите – на гласачи им се ветувал приклучок за вода ако гласаат за одредена политичка партија
Според информациите од МВР, пријава е поднесена против Ш. Ш. (35) од Радовиш и уште едно лице поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело поткуп при избори и гласање.
На 16.10.2021 година полициски службеници во дворот на Ш. Ш. во Радовиш пронашле доводно црево со должина од речиси 300 метри, кое му било дадено како подарок поврзан со избори и гласање.
„По преземените мерки, било утврдено дека пред дваесетина дена едно лице му ветило дека ќе организира работна машина за ископување и ќе донесе доводно црево за водовод на неговата улица, а за возврат Ш. Ш. требало да организира група жители што на изборите на 17.10.2021 требало да гласаат за една политичка партија“, велат од МВР.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Топ
Мајка и дете загинаа по пад од зграда во скопски Карпош
Женско лице и нејзиното малолетно дете се пронајдени попладнево починати по пад од тераса во скопски Карпош.
Од Министерството за внатрешни работи го потврдија случајот без дополнителни детали.
„Денеска околу 14:15 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Карпош од балкон од зграда се фрлиле женско лице и малолетно дете кои починале.
Полициски службеници се излезени на местото на настанот“, потврдија од МВР, најавувајќи повеќе детали по завршување на увидот.
Црна хроника
Скијач од Словенија повреден на Титов Врв
Вчера во 12:05 во СВР Тетово е пријавено дека на место викано „Бакардан“, во близина на „Титов Врв“, има повредено лице.
Според пријавеното, Ј.Р.(65) од Словенија паднал и се повредил при скијање.
Со ратрак служба е преземен и пренесен во Клинички центар Тетово каде му е укажана лекарска помош.
Црна хроника
Пукање во Чаир, од автомобил во движење испукани неколку куршуми
Вчера вечерв во 22:52 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Чаир во Скопје, од патничко возило во движење биле испукани неколку куршуми.
Повредени лица нема, а по преземени мерки полициски службеници од местото на настанот подигнале осум чаури.
Од МВР влеат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
фото/Depositphotos

