Црна хроника
Претреси во Прилеп, пронајдени оружје и муниција, приведени две лица
Приведени две лица од Прилеп, кај кои било најдено оружје.
„ При претрес во нивните домови, извршени со судска наредба, кај А.С. биле пронајдени и одземени пиштол „екол туна“ модел 635 и рачка со калибар 8 мм, една рамка со куршум калибар 8 мм, додека кај Р.Р. биле пронајдени и одземени пиштол „сигсауер“ калибар 9 мм со рамка без муниција, пиштол „екол фират“ калибар 9 мм со една рамка во која имало маневарски куршум 9 мм, пиштол „валтро“ модел 85 компакт, ловна пушка со чаркови, со скратен кундак и цевки, 30 куршуми калибар 9 мм и 10 парчиња ловен патрон 12 мм.“ соопшти МВР.
По комплетно документирање на случите против двете лица ќе биде поднесен соодветен поднесок.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Скопјанец повикан на службен разговор по пријава дека ја нападнал партнерката
Полициски службеници од Кисела Вода утрово извршиле службен разговор со М.Х. (22) од Скопје. Разговорот следел по пријава поднесена од неговата 22-годишна партнерка.
Според пријавата, на 17 ноември 2025 година околу 18:30 часот, во домот каде што престојувала на подрачјето на Бит Пазар, таа била физички нападната од пријавениот.
Полицијата информира дека по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Осуденик нападнат во Идризово oд тројца затвореници
Осуденик во Идризово бил физички нападнат од тројца други затвореници, а во нападот бил употребен и тврд предмет.
Случајот го пријавиле од затворот.
Според пријавата, инцидентот се случил вчера, а нападнат бил И.И. (61) од селото Челопек, тетовско.
Полицијата известува дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Велосипедист тешко повреден во сообраќајна несреќа на патот Струга – Враништа
Во полицијата во Струга било пријавено дека на регионалниот пат од Струга кон селото Враништа се случила сообраќајна несреќа во која учествувале патничко возило „фолксваген голф“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Т.А. (57) од Горно Татеши, и велосипед управуван од Р.Ш. (65) од Враништа.
Во несреќата тешки телесни повреди добил велосипедистот, а повредите му биле констатирани во Специјалната болница „Свети Еразмо“ во Охрид.
Увид на местото извршила екипа од ОВР Струга.

