Црна хроника
Претреси во Прилеп, пронајдени оружје и муниција, приведени две лица

Приведени две лица од Прилеп, кај кои било најдено оружје.
„ При претрес во нивните домови, извршени со судска наредба, кај А.С. биле пронајдени и одземени пиштол „екол туна“ модел 635 и рачка со калибар 8 мм, една рамка со куршум калибар 8 мм, додека кај Р.Р. биле пронајдени и одземени пиштол „сигсауер“ калибар 9 мм со рамка без муниција, пиштол „екол фират“ калибар 9 мм со една рамка во која имало маневарски куршум 9 мм, пиштол „валтро“ модел 85 компакт, ловна пушка со чаркови, со скратен кундак и цевки, 30 куршуми калибар 9 мм и 10 парчиња ловен патрон 12 мм.“ соопшти МВР.
По комплетно документирање на случите против двете лица ќе биде поднесен соодветен поднесок.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Притвор за скопјанец кој крадел мобилни телефони

43-годишен скопјанец е приведен поради извршени кражби на мобилни телефони во Скопје.
Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 43-годишен скопјанец за кого постои основано сомнение дека сторил три кривични дела – Тешка кражба по член 236 став 1 точка 3 од Кривичниот законик.
Во текот на претходната постапка беа обезбедени докази дека осомничениот на 20 и 26 октомври 2022, во продавница за облека во Градскиот трговски центар во Скопје, искористил невнимание на две жени и им ги одзел мобилните телефони, од кои едниот во вредност од 20.000, а другиот вреден 77.000 денари.
На 23 март годинава, осомничениот искористил што градски автобус кој се движел по булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов” бил преполн, па од џебот на еден патник одзел мобилен телефон вреден 20.000 денари.
Оценувајќи дека постои опасност од бегство на осомничениот, надлежниот јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор. Судот го прифати предлогот и определи притвор во траење од 8 дена.
Црна хроника
Наставничка од приватно основно училиште во Скопје, физички нападнала ученичка

Нставничка во приватно основно училиште во Скопје нападнала ученичка.
Според информациите од МВР, вчера во 14.30 часот во Полициската станица Карпош, М.Д.(46) од Скопје пријавил дека на 22.03.2023 околу 10.30 часот во приватно основно училиште во Скопје неговата малолетна ќерка била физички нападната од нејзина наставничка, која употребила и тврд предмет.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Сообраќајка на патот Скопје-Тетово. Повредени се три малолетни лица, едниот од нив управувал со возилото

Тешка сообраќајна несреќа се случила вчера на патот Скопје-Тетово.
Според информациите од МВР, вчера околу 01.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на регионалниот пат Скопје – Тетово, кај бензинска пумпа во с.Арнакија, скопско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „пежо“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 14-годишник од Скопје и патничко возило „рено“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од А.С.(19) од Скопје, кој го напуштил местото на несреќата.
Притоа, со тешки телесни повреди се здобиле возачот на возилото „пежо“ и неговиот 14-годишен сопатник, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, додека уште еден 14-годишен сопатник се здобил со телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „8 Септември“.
За настанот бил известен Јавен обвинител, а увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.