Црна хроника
Претрес во Гевгелија, пронајдена дрога
Вчера во 13.40 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица – ОВР Гевгелија го лишиле од слобода И.Г.(44) од Гевгелија.
При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени стебла канабис, предмети исполнети со зелена растителна материја и употребени шприцеви со игли со остатоци од непозната материја.
За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија и по документирање на случајот против И.Г. ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти полицијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Маж од Прилеп се соблекол пред малолетни девојчиња и ги вознемирувал
Вчера во 16 часот полициски службеници од ОВР Прилеп во Прилеп го лишиле од слобода Т.Д.(49) од Прилеп, по пријава од 45-годишен маж од Прилеп дека Т.Д. се соблекол пред малолетни девојчиња и ги вознемирувал.
По документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Осуденици се тепале во затворот во Идризово
Денеска во 00.56 часот во СВР Скопје од Казнено поправната установа Идризово било пријавено дека во саботата околу 20.30 часот во установата Б.Ќ.(31) од Тетово бил физички нападнат од М.К.(29) од Куманово и А.Л.(24) од Скопје и уште неколку други лица, сите осуденици од установата.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Таксист возел туристи, па сам од нивниот паричник си зел 1.700 денари за услугата
Вчера во 21.00 часот во СВР Скопје, Ј.К.(37) од Австралија пријавил дека околу 19.40 часот во Скопје, тој и неговата сопруга влегле во такси возило, кое ги однело од трговски центар во Скопје до крстосницата помеѓу бул.„Кузман Јосифовски Питу“ и ул.„Беласица“. За превозот на такси возачот му платиле 200 денари за еден километар.
Но, возачот им кажал дека не е доволно и од паричникот на оштетениот сам одзел околу 1.700 денари, а потоа им рекол да го напуштат возилото. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.