Црна хроника
Претрес во Гевгелија, пронајдени стебла канабис, приведен дилер
Денеска, полициски службеници од Полициската станица Гевгелија го лишиле од слобода А. Ш. (42) од Гевгелија.
При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана, семки од растението канабис, исушени стебла од растението канабис и предмети со остатоци од марихуана и бела прашеста материја, а при претресот во дворното место биле пронајдени и одземени 29 засадени стебла од растението канабис.
Лицето било задржано во полициска станица и со него бил извршен службен разговор.
По целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Четворица мажи киднапирале девојка во Струга
Полицијата во Струга поднесе кривична пријава против четворица скопјани на возраст од 18 до 35 години, осомничени дека насилно грабнале 23-годишна девојка.
„ОВР Струга поднесе кривична пријава против А.А.(25), Д.К.(35), Р.К.(18) и Р.К.(21), сите од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „Грабнување“ и „ Соизвршителство при грабнување“. Пријавените, делото го извршиле на улицата „Маршал Тито“ во Струга, на штета на 23 годишна девојка од Скопје.
Откако 25-годишниот А.А. ја забележал девојката, тој подолго време ја следел и потоа насилноја внел во патнички автомобил во што му помогнале останатите тројца пријавени.
Црна хроника
Кавадарчанка со остар предмет го повредила сопругот
Кавадарчанка била лишена од слобода утрово по пријава дека со остар предмет му нанела повреди на сопругот.
– Денеска во 6:30 часот, полициски службеници од ОВР – Кавадарци, лишиле од слобода 30-годишна кавадарчанка, постапувајќи по претходна пријава дека во семејниот дом, по вербална расправија, му нанела повреди со остар предмет на нејзиниот 43-годишен сопруг. Предметот бил пронајден и одземен, а при преземање мерки, кај неа биле измерени 2,61 промили алкохол во крвта, соопштија од Секторот за внатрешни работи – Велес.
Како што додадоа од СВР – Велес, таа била задржана во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот, против неа ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Црна хроника
Пијан возач со 3,15 промили удрил во објект во Велес, па побегнал
На 24.01.2026 во 20:38 часот во СВР Велес е пријавено дека околу 20:30 часот на ул. „Партизанска“ во Велес, патничко возило „мазда“ со неготински регистарски ознаки, управувано од Ј.С.(38) од Неготино, изгубил контрола и удрил во објект, при што го напуштил местото на настанот.
Подоцна на ул. „4 јули“ во Велес, возилото и Ј.С. се пронајдени и по извршени проверки е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 3,15 промили алкохол во крвта, по што Ј.С. бил лишен од слобода.

