Црна хроника
Претрес во демиркаписко – пронајдена муниција и алат за изработка, приведени две лица

Вчера како резултат на заеднички преземени мерки и активности на полицијата, приведени се Ќ.С.(28) и И.С.(23) од селото Корешница, демиркаписко.
При претрес во домот и помошните простории кај лицата извршен врз основа на наредба од судија на претходна постапка од Основен суд Кавадарци биле пронајдени и одземени 586 куршуми калибар 7,62х39, 50 боеви куршуми со различен калибар, две рачни бомби, еден топовски удар, запалка за рачна граната, два ловни патрони кал.16 мм, три кутии со барут, две кутии со сачми, алат и други предмети за изработка на муниција и марихуана.
Лицата се приведени и по документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
И кажале дека ќерка и прегазила дете па платила 50.000 денари: измамена скопјанка

Вчера во 18.00 часот во СВР Скопје, 83-годишна жена од Скопје пријавила дека била измамена од едно лице за сума од 50.000 денари.
Според пријавеното, едно лице ѝ се јавило телефонски и ѝ кажало дека нејзината ќерка предизвикала сообраќајна несреќа во која прегазила дете мигрант, кое починало, и доколку не сака таа да лежи во затвор требало да плати.
Како што е пријавено, таа ги оставила парите на договореното место, а откако се слушнала со нејзината ќерка, сфатила дека била измамена.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Нападнат затвореник во штипскиот затвор

Вчера од Казнено – поправната установа Затвор Штип било пријавено дека околу 16.40 часот осуденикот Д.М.(35) бил физички нападнат од осуденикот Б.Х.Ј.(44) од Штип.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, објави МВР во дневниот полициски билтен.
Црна хроника
Кривична за стружанец поради кражба на струја во неговиот угостителски објект

Полицијата поднесе кривична пријава против угостителски објект и против А.Р.(27) од Струга, сопственик на фирмата, поради кражба на електрична енергија.
„На 17.01.2025, при извршена контрола било констатирано дека во угостителскиот објект бил вграден апарат, кој го манипулирал броилото за електрична енергија и на тој начин не била прикажувана реалната потрошувачка на електрична енергија“, велат од МВР во дневниот полициски билтен.
На тој начин била оштетена ЕВН Груп Македонија за износ од 260.045 денари.