Црна хроника
Претрес во дојранско, пронајдена дрога, приведени две лица
На 21.07.2023 во 17.45 часот, полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Гевгелија ги лишиле од слобода Д.М.(31) и Р.М.(24), двајцата од село Ѓопчели, дојранско.
При претрес во нивниот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана, воздушна пушка, пиротехнички средства и дробилка со остатоци од марихуана.
За настанот бил запознаен Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија, а по целосно документирање на случајот против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Кривична против двајца скопјани, испукале повеќе куршуми во воздух по спортски натпревар
СВР Скопје поднесе кривична пријава против Х.Б.(32) и А.Б.(36), двајцата од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување на општа опасност“.
На 08.10.2023 во село Цветово, скопско, по завршување на спортски натпревар, пријавените од пиштоли испукале неколку куршуми во воздух.
Црна хроника
Кривична против велешанка, користела туѓа платежна картичка и одзела 187 илјади денари
СВР Велес поднесе кривична пријава против Р.Ј. од Велес поради постоење основи на сомнение за сторено продолжено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“, извести МВР.
Пријавената, во периодот од јануари 2024 до август 2024, повеќекратно ја искористила платежната картичка на друго лице, при што предизвикала материјална штета од 187.133 денари.
Црна хроника
26-годишен државјанин на Косово осомничен за спречување на полициска акција
Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 26-годишен државјанин на Косово за кого постои сомнение дека сторил кривично дело – Спречување службено лице во вршење службено дејствие од член 382 став 1 од Кривичниот законик.
На 3 октомври, на регионалниот пат од Скопје-ГП Блаце полициски службеници со службено возило се обидувале да запрат товарно возило „мерцедес спринтер“.
Косовскиот државјанин, со автомобил „волво“ со косовски таблици со голема брзина им го пресекол патот. Движејќи се меѓу полицискиот автомобил и товарното возило правел движења и маневри со кои ги спречувал полицајците во вршење на службеното дејствие и така му овозможил на товарното возило да побегне.
Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот косовски државјанин.