Црна хроника
Претрес во Тетово, пронајдена марихуана, приведен дилер
Вчера, околу 23.25 часот, во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода 41-годишниот А. А. од тетовска Шипковица, извести МВР.
„При претрес во домот во кој приремено престојувал во Тетово, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана и дигитална вага“, соопшти МВР.
Тој е задржан во Полициската станица Тетово и по целосно расчистување и документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Ја претепал сопругата: уапсен маж од Струшко
ОВР Струга поднесе кривична пријава против А.Х.(39) од струшко селo.
Тој се сомничи за сторено кривично дело „телесна повреда“.
Имено на 28.11.2025 во семејниот дом во селото, пријавениот физички ја нападнал неговата сопруга, по што бил лишен од слобода.
Црна хроника
Уапсен охриѓанец: бил агресивен и им се заканувал на членови на семејството
Вчера во 09:50 часот на улица „Вангел Николоски“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода С.К.(53) од Охрид.
Полицијата постапила по претходна пријава дека во семејниот дом тој агресивно се однесувал и се заканувал на членови на семејството.
Според МВР, по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Без таблички и со 2,21 промила: пијан возач удрил во паркиран автомобил во Ораовица
На 21 декември 2025 година, во ОВР Радовиш било пријавено дека околу 21:30 часот, во селото Ораовица, патничко возило „опел корса“ без регистарски ознаки, управувано од И.В. (46) од истото село, удрило во паркирано патничко возило „форд фокус“ со радовишки регистарски ознаки, сопственост на Ц.Л.
Во сообраќајната незгода, возачот И.В. се здобил со телесни повреди, констатирани во Здравствен дом Радовиш.
За настанот бил запознаен јавен обвинител, а при преземање мерки во врска со незгодата било констатирано дека возачот го управувал возилото под дејство на алкохол, односно дека имал 2,21 промили алкохол во крвта.
По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

