Црна хроника
Претрес во Штип, пронајдена дрога
Вчера во 17.25 часот во Штип, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Штип го лишиле од слобода С.Д.(29) од Штип.
При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена прашкаста материја.
Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти полицијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
32-годишник од Боговиње и се заканувал на вонбрачната партнерка
СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.Д.(32) од село во општина Боговиње.
Тој се сомничи за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“.
На 01.04.2026, пријавениот и упатувал закани на неговата вонбрачна партнерка во нејзиниот дом.
Топ
Паднала во отвор за лифт во зграда во изградба: тешко повредена 17-годишна скопјанка
17-годишно девојче паднало во отвор од лифт во зграда во изградба и тешко се повредило, соопшти полицијата.
Имено, вчера во 04:00 часот во СВР Скопје, Т.К.(47) од Скопје пријавил дека на подрачјето на Центар, нејзината 17-годишна ќерка паднала во отвор за лифт во зграда во изградба и се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Ургентен центар при комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Измамена велешанка: преку СМС добила порака за сторен сообраќаен прекршок
Вчера во 16:00 часот во СВР Велес, 43-годишна велешанка пријавила дека била измамена за сума од 16.592 денари.
Според пријавеното, на 05.05.2026 добила СМС порака за наводно сторен сообраќаен прекршок кој требало да го плати.
Во пораката имало линк од веб страна со насоки за плаќање и било наведено дека доколку ги следи упатствата ќе плати само половина од сумата за прекршокот.
Откако ги внела податоците од својата банкарска сметка, во неколку наврати добила порака за неуспешно плаќање, а подоцна забележала дека од сметката ѝ биле одземени пари.
Полицијата информира дека се преземаат мерки за расчистување на настанот.
