Топ
Приведени двајцата крадци на компјутери од хуманитарната „Донирај компјутер“
На 01.09.2023 во Кавадарци, полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кавадарци ги лишиле од слобода С.М.(37) од Кавадарци и А.А.(37) од Неготино.
При претрес во домот на С.М., извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени шест лап топ компјутери, делови за компјутер и друга компјутерска опрема за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело „тешка кражба“ сторено на 28.08.2023 во Здружени на граѓани на ул.„Браќа Хаџи Тефови“ во Кавадарци.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
„Сега странски служби јавиле, имаме чувство дека театарот со Груби стана циркус“, велат од СДСМ
„Театарот со Груби стана циркус. Имаме чувство Мицкоски. Прво граѓаните ја видоа режираната претстава на граница, доаѓањето со наочари, со насмевка, каде недостасуваше уште црвен килим за Груби. Потоа смисленото сценарио и пречек со камери, со медиумска поддршка на 40% од медиумите под контрола на ВМРО преку Орбан“, велат од СДСМ
„Па одредувањето куќен притвор од обвинителство и судство по контрола на ВМРО ОКГ. Обвинителството прво велеше дека АНБ на Христовски и МВР на Тошковски дале безбедносна проценка дека Груби не е безбеден и затоа морале да одредат куќен притвор.
Излезе директорот на Затворот и демантираше, рече дека ниту АНБ ниту МВР не дошле и не направвиле проценка. Вчера Мицкоски изјави дека тоа биле класифицирани информации, доверливи и не може да се соопшти. Имал чувство.
Сега излегуваат информации дека наводно „странски служби“ јавиле уште пред една година и дека безбедносна проценка воопшто не била направена од АНБ и МВР.
Циркус. Само не кажаа која, дали српска или руска странска служба?
Веќе не знаат што да излажат. Само нешто се измисллува за да се покрие сценариото.
Исто како во времето на Никола Груевски.
Какви странски служби, какви проценки, нема посилна потврда од ова дека сè е договорено“, соопшти СДСМ.
Регион
Тешка пневмонија комплицирана од хроничните болести на Дачиќ: „Шеќерот му беше 20“
Српскиот вицепремиер и министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ (60) е во тешка состојба на Клиниката за пулмологија при Клиничкиот центар на Србија, каде што е на респиратор поради тешка билатерална пневмонија. Неговата состојба е дополнително комплицирана од хронични заболувања, вклучувајќи дијабетес и срцеви проблеми, кои се опасни по живот, пишува Блиц.рс.
Српскиот претседател Александар Вучиќ вчера изјави дека состојбата на министерот Дачиќ е малку подобра, но предупреди дека е неблагодарно да се даваат прогнози.
„Параметрите се малку подобри, но е неблагодарно да се даваат прогнози. При движење, неговата сатурација на кислород во крвта се намали, но сите важни параметри сега се малку подобри. Можеме само да се надеваме и да веруваме дека ќе биде добро“, рече Вучиќ. Тој додаде дека Дачиќ „има и некои други болести, што ги комплицира работите“.
Помошникот директор на Клиниката за пулмологија, Спасоје Попевиќ, вчера попладне ја потврди сериозноста на ситуацијата.
„Состојбата на Дачиќ останува тешка и сериозна. Медицинскиот тим што се грижи за него вложува огромни напори и ние се бориме првенствено за подобрување“, рече Попевиќ, додавајќи: „Прерано е да се зборува за било што. Третманот продолжува според сите постулати на модерната медицина за интензивна нега“.
Министерот Ивица Дачиќ претходно јавно во неколку наврати зборуваше за сериозните здравствени проблеми со кои се бори со години.
Во март минатата година, тој призна под каков притисок работи и отворено зборуваше за тоа колку е исцрпен и како нивото на шеќер во крвта драстично му се зголемило поради сè. „Знаете, вчера мојот шеќер беше 20. Сето ова може да трае, но не долго. Денес е околу 15, и покрај сите лекови што ги земам. Што можам да правам, не можам да се жалам“, рече Дачиќ тогаш.
Свет
Пакистанскиот премиер: Нема да има компромис во одбраната на нашата сакана татковина
Пакистанскиот премиер Шехбаз Шариф изјави дека вооружените сили на земјата „се целосно способни да ја скршат секоја агресивна намера“.
„Нема да има компромис во одбраната на нашата сакана татковина и ние ќе одговориме на секоја агресија со соодветен одговор. Целата нација стои со пакистанските вооружени сили“, рече тој.
Тој ја пофали армијата, за која рече дека „ги извршува своите должности во духот на национализмот“.
„Граѓаните и вооружените сили на Пакистан секогаш се подготвени да ја заштитат безбедноста, суверенитетот и територијалниот интегритет на земјата. Пакистанските вооружени сили се решени да не дозволат мирот и безбедноста на земјата да бидат загрозени под никакви околности“, нагласи тој.

