Црна хроника
Приведени две лица што дилале дрога од изнајмен стан во скопски Центар
Во вечерните часови на 17 февруари, од страна на одделот за криминалистичка полиција, во координација со Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје, уапсени биле А. С. (25) и М. К. (20), поради сомнение за сторено кривично дело неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги.
Како што информираат од МВР, по претходно добиена судска наредба, полицајци извршиле претрес во стан на подрачјето на Центар, каде што привремено престојувале двете лица, при што биле пронајдени марихуана, дигитална вага и парични средства.
Двајцата уапсени се задржани во полициска станица за понатамошна постапка, а по документирање на случајот, против нив ќе бидат поднесени пријави.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Три лица повредени во сообраќајна несреќа на локалниот пат Куманово – с.Романовце
Вчера околу 15:30 часот во СВР Куманово било пријавено дека на локалниот пат Куманово – с.Романовце се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фиат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.М.(25) од Скопје и патничко возило „опел“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Г.Д. (29) од Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил Г.Д., констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, а со телесни повреди се здобиле С.М. и неговиот сопатник Ф.С., констатирани во Општата болница Куманово.
Увид на местото извршила увидна екипа од СВР Куманово.
Црна хроника
Скопјанец во дворот пронашол залутано зрно од огнено оружје
Вчера во 11.20 часот во СВР Скопје, Д.С.(73) од Скопје пријавил дека во дворот од семејната куќа на подрачјето на Драчево пронашол залутано зрно од огнено оружје.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје, а зрното било подигнато за понатамошна постапка.
Црна хроника
35-годишен Кавадарчанец му се заканувал на градоначалникот на општината
Закани од 35 годишен Кавадарчанец добил градоначалникот на Општина Кавадарци, Митко Јанчев.
Вчера во 23.35 часот во Кавадарци, полициски службеници од Полициската станица Кавадарци го лишиле од слобода П.Н.(35) од Кавадарци, затоа што агресивно се однесувал кон М.Ј.(43) од Кавадарци и му упатил закани.
Тој е задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.