Црна хроника
Приведени дилери во Битола, пронајден хероин

Полицијата приведе двајца битолчани кога кај нив пронашла девет пакувања хероин, соопшти МВР.
Имено, вчера, полициски службеници од СВР Битола и САЕ „Тигар“ на улицата Осма во Битола ги лишиле од слобода В. У. (33) и М. К. (31), двајцата од Битола, бидејќи кај нив биле пронајдени и одземени девет пакувања хероин.
Тие биле приведени и по документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена пријава до надлежното обвинителство по чл. 215 од Кривичниот законик.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Уапсени четири лица, украле биста од Градските гробишта во Бутел

Четири лица од Скопје се уапсени, биле фатени веднаш откако украле бронзена биста од гробиштата во Бутел.
Според информациите на МВР, вчера во 18:30 часот на Градските гробишта Бутел, полициски службеници ги уапсиле О.Ш.(49), М.Ш.(22), Љ.Ф.А.(26) и З.Р.(26), сите од Скопје.
Во возилото „пежо“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал З.Р., а останатите се сопатници е пронајдена и одземена бронзена биста со две човечки тела во седечка положба, од кој едниот е во поголема, а другиот помала форма, која непосредно пред тоа ја одзеле од гробиштата. Од З.Р. е одземено и возилото, а сопстеничката извршила препознавање на бистата.
Лицата се задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Жена од кочанско измамена за 4.000 евра со лажни ветувања за пензија

61-годишна жена од кочанско пријавила дека била измамена од 59-годишниот П.Г. од истиот регион за сума од 4.000 евра.
Според пријавата, во октомври 2020 година тој ѝ ветил дека со пријатели од Скопје ќе ѝ овозможи да добие пензија. Жената во декември 2023 година му ги предала парите, по што до крајот на 2024 година имале повремени контакти, но потоа тој престанал да одговара на нејзините повици.
Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Скопјанка го пријавила својот брат поради психичко вознемирување, веќе му било забрането да и’ се приближува

Во СВР Скопје на 17 септември околу 20 часот, 47-годишна жена од Скопје пријавила дека нејзиниот брат Д.М. (46) подолг период ја вознемирувал психички и ѝ упатувал закани.
Според пријавата, против него веќе била изречена мерка за забрана за доближување.
Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.