Црна хроника
Приведени крадци во Кочани
Полицијата во Кочани денеска уапси две лица осомничени за кражби.
Според информациите на МВР, приведени се М. К. (24) и Џ. К. (19).
М. К. е приведен поради сомнение дека е извршител на тешка кражба на дрзок начин и тешка кражба во обид. Тој на 20 овој месец украл паричник од жена, а на 22 се обидел од оштетената да украде мобилен телефон, но не успеал. Кај Џ. К., пак, при преглед била пронајдена украдена платежна картичка.
При претрес во домот на М. К. бил пронајден украдениот паричник. Покрај тоа, М. К., по добиена судска наредба, бил спроведен во затвор за издржување затворска казна. По комплетирање на случаите, ќе следува соодветна кривична пријава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Топ
Мајка и дете загинаа по пад од зграда во скопски Карпош
Женско лице и нејзиното малолетно дете се пронајдени попладнево починати по пад од тераса во скопски Карпош.
Од Министерството за внатрешни работи го потврдија случајот без дополнителни детали.
„Денеска околу 14:15 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Карпош од балкон од зграда се фрлиле женско лице и малолетно дете кои починале.
Полициски службеници се излезени на местото на настанот“, потврдија од МВР, најавувајќи повеќе детали по завршување на увидот.
Црна хроника
Скијач од Словенија повреден на Титов Врв
Вчера во 12:05 во СВР Тетово е пријавено дека на место викано „Бакардан“, во близина на „Титов Врв“, има повредено лице.
Според пријавеното, Ј.Р.(65) од Словенија паднал и се повредил при скијање.
Со ратрак служба е преземен и пренесен во Клинички центар Тетово каде му е укажана лекарска помош.
Црна хроника
Пукање во Чаир, од автомобил во движење испукани неколку куршуми
Вчера вечерв во 22:52 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Чаир во Скопје, од патничко возило во движење биле испукани неколку куршуми.
Повредени лица нема, а по преземени мерки полициски службеници од местото на настанот подигнале осум чаури.
Од МВР влеат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
фото/Depositphotos

