Црна хроника
Приведени лихвари од Штип, давале заем со високи камати на лица од социјално загрозени семејства

По преземени мерки и активности, полициски службеници од Отсекот за економски криминал при СВР Штип вчера ги лишиле од слобода Е.Ј.(39) и С.Ј.(45), од Штип, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело лихварство казниво по Кривичниот законик.
Тие се сомничат дека давале пари на заем со писмени и усни договори и притоа за себе договарале несразмерно високи камати.
Кај нив биле пронајдени и одземени предмети кои потекнуваат од кривичното дело – пари, банкарски картички, лични документи на оштетени граѓани и две тетратки во кои биле евидентирани заеми дадени по енормно високи камати на лица од социјално загрозени семејства корисници на социјална помош и останати социјални додатоци.
Се работи на целосно документирање на случајот, по што против Е.Ј. и С.Ј. ќе биде поднесена соодветна пријава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
МВР со детали за сообраќајката во Чаир: Тешки повреди има 18-годишниот возач на моторциклот
Црна хроника
Маж од Струмица загина работејќи на сопствената нива

Педесет и осумгодишен маж од селото Сачево, Струмичко загина додека извршувал земјоделски работи со трактор на сопствената нива.
Според информациите од полицијата, во нивата имало редови со метални цевки за фолии. Мажот се здобил со повреди, по што починал на местото на настанот.
Од страна на лекар од Итна медицинска помош констатирана била смрт.
Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР-Струмица, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено на семејството.
Црна хроника
Три лица повредени кај Штип кога комбе излета од автопатот

Три лица се здобија со повреди, од кои едно со тешки повреди вчера на автопатот Миладиновци- Штип.
„Товарно моторно возило “форд“ со скопски регистарски ознаки, управувано од К.С.(31) од с.Елово-општина Студеничани, излета надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот Џ.Џ.(38) од с.Црн врв, а со телесни повреди се здобиле возачот и сопатниците Н.Ш.(36) од с.Елово и И.С., констатирани во Клиничкиот центар Штип“, соопши МВР.
Извршен бил увид од увидна екипа.