Црна хроника
Приведени рибокрадци во Охрид, следува соодветна пријава
Околу 06.30 часот на брегот на Охридското езеро во близина на Охрид, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Охридско езеро ги лишиле од слобода З.В.(62) и М.П.(43), двајцата од Охрид.
Претходно, тие биле забележани како пловат со кајче во водите на езерото, а откако го извлекле кајчето од езерото од него извадиле три пластични корита со мрежи и риба со тежина од околу 14 килограми. Притоа, тие се обиделе да побегнат на полициските службеници, но набргу биле фатени и приведени во полициска станица.
Уловот, кајчето и мрежите биле одземени и за настанот бил известен јавен обвинител. По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Со моторна пила и се заканувал на сопругата: кривична за маж од Гостивар
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против А.С. (63) од Гостивар.
Тој се сомничи заза сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“ во врска со семејно насилство.
Имено, на 27.11.2024, по претходна расправија во семејниот дом, пријавениот со моторна пила упатувал закани по животот на неговата сопруга.
Црна хроника
Ја уценувал поранешната партнерка дека ќе објави фотографии со експлицитна содржина доколку не му даде пари
СВР Битола поднесе кривична пријава против К.М.(47) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „уцена“.
На 29.08.2024, неговата поранешна партнерка пријавила дека во периодот од 2023 до мај 2024 во повеќе наврати преку социјални мрежи К.М. ја уценувал дека ќе објави нејзини фотографии со експлицитна содржина доколку не му даде пари, по што во повеќе наврати и на различни локации му исплатила вкупно 501.730 денари.
Црна хроника
Велешани нападнале вработени во ЕВН Македонија
Вчера во 11.40 часот, полициски службеници од СВР Велес ги лишиле од слобода Е.Б.(18), Р.Б.(23) и Ф.В.(27), сите од Велес.
Тие постапувале по претходна пријава дека физички нападнале вработени во ЕВН Македонија, кои извршувале службени задачи, по што фрлале тврди предмети кон нив и нивното службено возило.
За настанот бил известен јавен обвинител и по негово целосно расчистување и документирање ќе биде поднесена соодветна пријава.