Црна хроника
Приведени три лица барани со потерница

Вчера, во 10.30 часот, од страна на полициски службеници од Полициската станица Штип е приведен Е. С. (32) од Штип за издржување казна затвор. Тој е спроведен во КПУ „Струмица“ на издржување на казната.
Претходно, во 5.50 и во 6.25 часот од страна на полициски службеници од Полициското одделение Македонска Каменица приведени се и М. С. од селото Саса и И. И. од Македонска Каменица за издржување казна затвор. Првиот е спроведен во КПУ „Струмица“, а вториот во затворот во Штип, каде што ќе ја издржуваат казната.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Топ
Влегол на Онкологија и крадел од пациентите – притвор за 60-годишник

Скопското Обвинителство поведе постапка против 60-годишник осомничен за тешка кражба.
Кражбата ја извршил на Клиниката за радиотерапија и онкологија, каде искористил невнимание на еден пациент од велешко, ја протнал раката во неговиот џеб и одзел 300 евра и 28.000 денари.
Пациентот малку подоцна забележал дека му се украдени парите и пријавил во полиција, а сторителот бил идентификуван од снимките на видео камерите во болницата, соопшти Обвинителството.
Имајќи предвид дека сторителот бил и претходно осудуван, како и дрскоста со која делото сега го извршил во медицинска установа во која во исто време поголем број пациенти во тешка состојба, меѓу кои и оштетениот, чекале да примат терапија од која им зависи животот, јавниот обвинител на судијата на претходна постапка му предложи да определи мерка притвор за осомничениот. Притворот е прифатен.
Црна хроника
Десетгодишно дете тешко повредено, паднало од електричен тротинет во Гостивар

Вчера во 19.54 часот во ОВР Гостивар е пријавено дека на ул.„ЈНА“ во Гостивар, 10-годишник од Гостивар, управувајќи електричен тротинет, изгубил контрола и паднал.
Во несреќата малолетникот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во болницата во Гостивар.
Извршен бил увид од увидна екипа на ОВР Гостивар.
Црна хроника
Две и полгодишно дете тешко повредено во сообраќајна несреќа помеѓу автомобил и четирицикл

Две ипол годишно дете кое се превезувало на четирицикл е тешко повредено во сообраќајна несреќа што се случила вчера на локалниот пат с.Зелениково-с.Страхојадица.
Во несреќата учествувале патничко возило „сеат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.Т.(56) од с.Дејковец, скопско и четирицикл управуван од С.М.(28) од с.Стахојадица, општина Зелениково.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на четирициклот и две ипол годишно дете, сопатник на четирициклот, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“- Скопје.
Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје.