Црна хроника
Приведено лице во Штипско, управувал возило со 151 км/ч на место на кое е дозволено 80 км/ч

Вчера во 15.30 часот на експресен пат Штип – Кочани, кај село Крупиште, општина Карбинци, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Штип го лишиле од слобода А.М.(26) од Скопје, со живеалиште во Кочани.
При контрола во патниот сообраќај со уред за мерење брзина – радар надвор од населено место, било измерено дека тој управува патничко возило „фолксваген пасат“ со кочански регистарски ознаки со брзина од 151 километри на час на место каде што брзината е ограничена на 80 километри на час.
По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297 – а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Приведен Италијанец во Штип, возел пијан

Денеска во 01:08 часот во Штип, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај при СВР Штип го лишија од слобода 54-годишниот А.Т. од Италија.
При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „шкода“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал при што констатирале дека возилото го управувал под дејство на алкохол, односно му биле констатирани 1,68 промили алкохол во крвта.
Тој веднаш е исклучен од сообраќај и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.
Црна хроника
Тешко повреден прилепчанец, повредена и неговата сопатничка: удриле во куче со мопедот и паднале на патот

Во Полициската станица Прилеп, вчера околу 18:10 часот било пријавено дека на ул.„Мице Козар“ во Прилеп, мопед со прилепски регистарски ознаки, управуван од Џ.А.(51) од Прилеп удрил во куче и паднал на коловозот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, а со телесни повреди се здобила неговата 15-годишна сопатничка, констатирани во Градската болница Прилеп. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Прилеп.
Црна хроника
Прегазен маж во Струмичко

Вчера во 13:15 часот во СВР Струмица е пријавено дека на магистралниот пат Струмица-Граничен премин Ново Село кај с.Ново Село, патничко возило „фолксваген пасат“ со струмички регистарски ознаки, управувано од Т.А.(33) од с.Зубово удрило во пешакот Ж.Ј.(47) од с.Габрово.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Медицинскиот центар Струмица. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Струмица.