Црна хроника
Приведено лице од Турција поради давање поткуп
Утрово, околу 3 часот, на граничниот премин Долно Блаце на влез во РСМ се пријавил К. С. (53) од Турција, но по извршената пасошка контрола, било утврдено дека веќе го искористил дозволениот туристички престој од 90 дена во последните 180 дена и поради тоа му бил одбиен влез и бил вратен назад во Косово.
Околу 3.30 часот К.С. повторно дошол на граничниот премин и на раководителот на смена му ја дал патната исправа и во неа банкнота од 100 евра со барање да му се дозволи влез во РСМ.
К. С. веднаш е лишен од слобода поради кривично дело давање поткуп и против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти полицијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
(Фото) Претрес во Скопје, пронајдена дрога
Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје на 02.11.2024, по претходна наредба од Основен суд Скопје, изврши претрес во гаража во центарот на Скопје, при што се пронајдени и одземени околу четири килограми марихуана, спакувана во неколку пакувања.
По наредби на јавен обвинител, пронајдената марихуана е одземена и дадена на вештачење и по целосно расчистување на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Црна хроника
Закани од лажен профил пријавила новинарка од Скопје
Денеска во 01.30 часот во полициската станица Карпош, М.С.(34) од Скопје вработена како новинар – истражувач, пријавила дека на социјална мрежа и биле упатувани закани од лажен профил.
Во дневниот билтен на МВР се наведува дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Стружанец најден мртов во мотел во Ѓорче Петров
Вчера во 16.48 часот во СВР Скопје било пријавено дека во мотел на подрачјето на Ѓорче Петров бил пронајден починат С.И.(48) од Струга.
Од лекар од Итната медицинска помош била констатирана смрт, а од страна на екипа од ЕНК ОКСД и од ЕУМНА извршен е увид. За случајот е известен надлежен ЈО и по негови насоки телото на починатиот било предадено на обдукција.