Црна хроника
Притворен велешанец осомничен за силување
Педесет и петгодишен велешанец е приведен под сомнение дека ја нападнал и ја силувал сосетката.
Според информациите на МВР, вчера бил уапсен М.С.(55) од Велес, поради сомнение дека извршил обљуба врз 64-годишна жителка на Велес, која околу 11 часот го пријавила случајот во Полициска станица Велес.
Според информациите на обвинителството, сомничениот во два наврати со употреба на сила извршил обљуба врз жената.
„На 17.9.2020 околу 22.00 часот, осомничениот, кој и бил сосед на жртвата, се префрлил преку оградниот ѕид од улицата, влегол во дворот од куќата, па откако оштетената ја отворила влезната врата, тој влегол внатре и употребувајќи сила го извршил кривичното дело. Следниот ден, околу 11.30 часот, на истиот начин, го повторил кривичното дело“, соопшти Обвинителството.
Судот му определи притвор во траење од 30 дена.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Скопјанец повикан на службен разговор по пријава дека ја нападнал партнерката
Полициски службеници од Кисела Вода утрово извршиле службен разговор со М.Х. (22) од Скопје. Разговорот следел по пријава поднесена од неговата 22-годишна партнерка.
Според пријавата, на 17 ноември 2025 година околу 18:30 часот, во домот каде што престојувала на подрачјето на Бит Пазар, таа била физички нападната од пријавениот.
Полицијата информира дека по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Осуденик нападнат во Идризово oд тројца затвореници
Осуденик во Идризово бил физички нападнат од тројца други затвореници, а во нападот бил употребен и тврд предмет.
Случајот го пријавиле од затворот.
Според пријавата, инцидентот се случил вчера, а нападнат бил И.И. (61) од селото Челопек, тетовско.
Полицијата известува дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Велосипедист тешко повреден во сообраќајна несреќа на патот Струга – Враништа
Во полицијата во Струга било пријавено дека на регионалниот пат од Струга кон селото Враништа се случила сообраќајна несреќа во која учествувале патничко возило „фолксваген голф“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Т.А. (57) од Горно Татеши, и велосипед управуван од Р.Ш. (65) од Враништа.
Во несреќата тешки телесни повреди добил велосипедистот, а повредите му биле констатирани во Специјалната болница „Свети Еразмо“ во Охрид.
Увид на местото извршила екипа од ОВР Струга.

