Црна хроника
Приведен возач во Гостивар затоа што управувал возило под дејство на алкохол
Денеска во 01.10 часот полициски службеници од Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај Гостивар го лишиле од слобода И.Ф. (50) од село Долна Бањица, гостиварско.
При сообраќајна контрола на ул. „Живко Брајковски“ во Гостивар, било сопрено патничко моторно возило „шкода” со гостиварски регистарски ознаки, кое го управувал И.Ф., и по преземени мерки било констатирано дека И.Ф. е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2,17 промили алкохол во крвта.
Тој бил исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица, а по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена кривична пријава по чл.297- а од Кривичниот законик-„безобѕирно управување со моторно возило”.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Топ
Мајка и дете загинаа по пад од зграда во скопски Карпош
Женско лице и нејзиното малолетно дете се пронајдени попладнево починати по пад од тераса во скопски Карпош.
Од Министерството за внатрешни работи го потврдија случајот без дополнителни детали.
„Денеска околу 14:15 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Карпош од балкон од зграда се фрлиле женско лице и малолетно дете кои починале.
Полициски службеници се излезени на местото на настанот“, потврдија од МВР, најавувајќи повеќе детали по завршување на увидот.
Црна хроника
Скијач од Словенија повреден на Титов Врв
Вчера во 12:05 во СВР Тетово е пријавено дека на место викано „Бакардан“, во близина на „Титов Врв“, има повредено лице.
Според пријавеното, Ј.Р.(65) од Словенија паднал и се повредил при скијање.
Со ратрак служба е преземен и пренесен во Клинички центар Тетово каде му е укажана лекарска помош.
Црна хроника
Пукање во Чаир, од автомобил во движење испукани неколку куршуми
Вчера вечерв во 22:52 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Чаир во Скопје, од патничко возило во движење биле испукани неколку куршуми.
Повредени лица нема, а по преземени мерки полициски службеници од местото на настанот подигнале осум чаури.
Од МВР влеат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
фото/Depositphotos

