Црна хроника
Приведен гостиварец баран со потерница
57-годишно лице од Гостивар било приведено откога претходно било барано со потерница за издржување затворска казна.
Според МВР, вчера, во 20.15 чaсот во Гостивар, полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар, врз основа на судска наредба, го привеле Р. М. (57) од Гостивар, кој со потерница се барал за издржување казна затвор.
Лицето било спроведено во затворот во Тетово за издржување на казната.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Топ
Понудил за 100 евра да избрише судска казна од 200 евра: уапсен вработен во Основен суд во Гостивар
Вчера во 20:10 часот, полициски службеници од Полициското одделение Ростуше го лишија од слобода А.Ј.(49) од село Присојница, општина Маврово и Ростуше, поради сомнение за сторено кривично дело „примање поткуп“ по член 357 од Кривичниот законик.
Според пријавеното од Н.А. од село Калиште, општина Врапчиште, А.Ј. – вработен во Основен суд Гостивар, го контактирал неговиот пријател С.М. од Гостивар и му понудил за сума од 100 евра да избрише судска казна од 200 евра и забрана за управување со возило од шест месеци, тврдејќи дека документите пристигнале кај него за извршување и дека може да му заврши работа. Како што е пријавено, Н.А. во име на неговиот другар го побарал А.Ј. и договориле средба во угостителски објект во Гостивар, а откако се сретнале го информирал дека е новинар и дека снима, по што А.Ј. се обидел да се оправда дека се шегува и се обидел да побегне.
А.Ј. е задржан во полициска станица и по целосно расчистување и документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
фото: МВР
Црна хроника
Претрес во Радовиш, пронајдена е марихуана: уапсен 25-годишник
Вчера во 12:35 часот во Радовиш, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш го лишија од слобода 25-годишниот Д.Л. од Радовиш.
Врз основа на судска наредба извршен е претрес во неговиот дом, при што се пронајдени повеќе различни пакувања со марихуана и дигитална вага со остатоци од марихуана. Лицето е задржано во Полициската станица Радовиш и за настанот е запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Радовиш.
По документирање на случајот следува соодветна пријава.
Црна хроника
Уапсен маж од струмичко, со ловечка пушка усмртил куче
Вчера во 17:00 часот во с.Куклиш, струмичко, полициски службеници од СВР Струмица го лишија од слобода Д.Б.(50) од истото село, соопшти МВР.
Тој се сомничи дека околу 14:00 часот испукал еден истрел од ловечка пушка, при што усмртил куче, сопственост на М.Ѓ. од с.Куклиш.
Извршен е увид од увидна екипа на СВР Струмица и ветеринарен лекар. Од Д.Б. е одземена пушката и по документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

