Црна хроника
Приведен дваесет и четиригодишен скопски дилер на дрога

Дваесет и четиригодишен дилер на дрога од Скопје ќе добие кривична пријава кога полицијата во неговиот дом пронашла поголема количина марихуана.
Како што информират од полицијата, на 15 овој месец, по судска наредба, полициски службеници извршиле претрес во домот на Б.Т. (24) на скопската улица Благоја Стефковски.
При претресот била пронајдена и одземена една голема кеса во која имало две стаклени тегли, од кои во едната имало 14 поголеми пакувања марихуана, а во другата тегла имало вага и остатоци од марихуана. Исто така, биле пронајдени уште три стаклени тегли со марихуана. Б.Т. бил лишен од слобода и приведен во Полициската станица Гази Баба. За настанот бил известен јавен обвинител, а по целосно документирање на случајот, против Б.Т. ќе биде поднесена кривична пријава поради постоење сомнение дека сторил кривично дело неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Човечки труп извлечен од Вардар во Долно Лисиче

Вчера во полицијата било пријавено дека по течението на реката Вардар во Долно Лисиче, пловел човечки труп, кој малку подоцна бил извлечен од водата од страна на противпожарната единица Скопје.
Од лекар од Итна медицинска помош е констатирана смрт, соопшти МВР.
Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје и известен е Јавен обвинител по чија наредба телото е предадено за обдукција.
Црна хроника
Скопјанка натепана од поранешниот партнер среде бел ден во парк

40-годишна скопјанка пријавила дека вчера околу 14.00 часот во парк на подрачјето на Центар, по претходна расправија, била физички нападната од нејзиниот поранешен вонбрачен партнер В.М..
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопшти МВР во дневниот билтен.
Црна хроника
Грк почина во казино во Гевгелија

Синоќа во полицијата е пријавено дека во казино од хотел на подрачјето на Гевгелија, Г.З.(67) од Грција се струполил на подот.
Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство, соопшти МВР.
Увид извршиле увидна екипа на Полициска станица Гевгелија и Јавен обвинител, по чија наредба телото е предадено за обдукција.