Црна хроника
Приведен дрвокрадец од Скопско
Вчера, околу 8.15 часот, во тетовско Мерово, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода 33-годишниот Ј. А. од скопско Паничари, кој со своето возило „фолксваген голф“, без регистарски ознаки, пренесувал огревни дрва без потребните документи.
Возилото и дрвата се одземени и ѝ се предадени на Шумската полиција за натамошна постапка, а Ј. А. бил задржан во полициска станица за расчистување и документирање на случајот по што ќе биде поднесена соодветна пријава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.