Црна хроника
Приведен крадец од Велешко, расчистени три кривични дела, пронајдените предмети ќе бидат вратени на сопствениците

Вчера, во 17.10 часот, во Велес, од полициски службеници од СВР Велес е лишен од слобода 41-годишниот А. К. од село Горно Оризари, Велешко. Тој се сомничи дека во периодот 16/17.9.2023 од гаража во Велес одзел патничко моторно возило „ситроен ц3“, со велешки регистарски ознаки, сопственост на А. Д. (60) од Велес и електричен алат, извести МВР.
„Покрај ова, пред продавница во Велес, тој, лажно претставувајќи се како полициски службеник, од К. П. (50) од Велес одзел мобилен телефон и паричник со лични документи, банкарски картички и клучеви од неговиот дом, а потоа влегол во неговиот дом во Велес и извршил пребарување, но не одзел ништо, а од пред куќа во Велес одзел мотоцикл ‘лонгија’, без регистарски ознаки, сопственост на Р. К. (45), кој подоцна е пронајден во близина на угостителски објект во Велес“, соопшти МВР.
По издадена судска наредба од Основниот суд Велес, полициски службеници извршиле претрес во домот на А. К., при што била пронајдена банкарска картичка на име К. П. и други предмети што потекнуваат од кривичните дела и ќе бидат вратени на сопствениците. По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесен соодветен поднесок.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Пронајдено безживотно тело на лице од Шишево што паднало од мост

Во текот на вчерашниот ден во 12.15 часот во СВР Скопје било пријавено дека М.А.(41) од с.Шишево, скопско, лице со здравствени проблеми, паднал од мост во селото во реката Треска.
По преземени мерки, полициски службеници од Полициското одделение Сарај, Полициската станица Ѓорче Петров и Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го пронашле телото, а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без траги на насилство.
По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било дадено на семејството.
Црна хроника
Пронајдено починато женско лице во дом во Скопје

Во текот на вчерашниот ден во 20.45 во Полициската станица Бит Пазар, било пријавено дека во домот на подрачје на Бит Пазар била пронајдена почината А.Ф.(71) од Скопје.
Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а увид извршила екипа од СВР Скопје.
По наредба на Јавен обвинител телото на починатата било дадено на обдукција.
Црна хроника
Претрес во скопско Количани, пронајдени пушки, приведено едно лице

Денеска, во селото Долно Количани, Скопско, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишиле од слобода М. И. (35) од с. Долно Количани.
При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени две пушки.
Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.