Црна хроника
Приведен крадец од Гостиварско, извршил три кражби во Полошко

Вчера во 9:45 часот во Неготино, Полошко, полициски службеници на СВР Тетово – Одделение за внатрешни работи Гостивар го привеле Н.Ќ.(31) од гостиварско Ѓурѓевиште.
Тој се сомничи дека извршил три тешки кражби во продажни објекти во Неготино, Полошко.
Н.Ќ. бил задржан во Полициската станица Гостивар и со него бил извршен службен разговор.
Одземените предмети биле пронајдени и вратени на сопствениците, а по целосно документирање на случајот ќе му биде изготвен соодветен поднесок.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Две жени нападнати од нивните соседки

МВР во дневниот билтен информира за два случаи на насилство извршени од страна на соседки.
На 24.03.2023 во 16.30 часот во Полициска станица Гази Баба П.С.(81) од Скопје пријавила дека околу 12.00 часот во близина на нејзината куќа на подрачје на Гази Баба поради нерасчистени имотно правни односи била физички нападната од нејзината сосетка Б.Р.
На 23.03.2023 во 14.35 часот во Полициска станица Куманово Е.Г.(43) од Куманово пријавила дека во Куманово била физички нападната од нејзината сосетка В.П.(46) од Куманово.
Се преземаат мерки за расчистување на случаите.
Црна хроника
Експлозија на плинска боца во Карпош, полицаец заврши во болница

Вчера на улицата Разловечко Востание во стан сопственост на Д.Ѓ.(60) експлодирала плинска боца, по што настанал пожар.
Пожарот е изгаснат од противпожарната единица Скопје, соопшти МВР.
Поради вдишување чад еден полициски службеник бил пренесен во Градската општа болница „8-ми Септември“ за укажување на лекарска помош.
Увид на местото на настанот извршила полициска екипа.
Црна хроника
Полицаец вознемирувал неколку ученички во средно училиште во Скопје

Полициски службеник вербално вознемирувал неколку ученички во средно училиште во Скопје.
По пријавата во полицијата веднаш се преземени соодветни мерки за расчистување на случајот и известен е јавен обвинител и Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди, соопшти МВР.
Против лицето ќе биде поведена и постапка за утврдување на дисциплинска одговорност и суспендирање од работното место до донесување на решение во дисциплинската постапка.