Црна хроника
Приведен крадец од Куманово – украденото пронајдено

26-годишен жител на Куманово бил приведен бидејќи извршил кражба во стовариште.
Според информации од полицијата, вчера, во 13.30 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода С. А. (26) од Куманово бидејќи непосредно пред тоа извршил кривично дело кражба во стовариште на улицата Биљановска во Куманово, при што кај него биле пронајдени украдените предмети.
Тој бил приведен во Полициската станица Куманово и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Работник почина од струен удар во фабрика во Струшко

Маж вработен во фабрика бил пронајден починат во дворот на објектот, во близина на електричeн ормар, соопшти МВР.
„На 27 мај во 10.00 часот било пријавено дека во двор од фабрика во селото Враништа, Струшко, во близина на електричeн ормар, е пронајден починат вработениот Д.Р.(59) од с.Враништа, најверојатно од струен удар“, велат од полицијата.
Од страна на лекар од Итната медицинска помош била констатирана смрт без видливи траги на насилство. Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Струга, Трудов инспектор, вештак по електротехника и Јавен обвинител, по чија наредба телото на починатиот е предадено за обдукција.
Црна хроника
Приведени двајца дилери на дрога од Скопје

Денеска на подрачјето на Кисела Вода полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишија од слобода Г.К.(34) и Д.М.(32), двајцата од Скопје, затоа што кај нив биле пронајдени и одземени две пакувања кафеава прашкаста материја, апчиња, бела прашкаста материја, марихуана, дигитална вага, дробилка, метадон.
Двете лица се приведени во Полициска станица Кисела Вода и по документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.
Црна хроника
Прегазен малолетен пешак во Охрид

Синоќа на улицата Даме Груев во Охрид, патничко возило „форд“ управувано од Т.Т.(38) од Охрид, удрило во малолетен пешак од овој град.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Охрид.