Црна хроника
Приведен криминалец од Тетово за издржување казна затвор

Приведен 60-годишен тетовец, баран за издржување затворска казна од една година и еден месец.
Синоќа околу 19:00 часот, полициски службеници на СВР Тетово, врз основа на судска наредба, го привеле Б.И.(60) од Тетово за издржување затворска казна од една година и еден месец за сторено кривично дело неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и распрскувачки материи, согласно член 396 од Кривичниот законик.
По тоа, Б.И. бил спроведен во Казнено-поправната установа Затвор „Идризово“ во Скопје за издржување на казната.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Малолетници се закануваат и се тепаат крвнички, случаите се пријавени во полиција

Во Скопје вчера биле пријавени два одделни случаи на меѓуврсничко насилство.
Првиот случај го пријавила мајката на 14-годиишно девојче, дека подолг временски период три малолетнички ја следеле, вознемирувале и упатувале закани на најзината ќерка.
-Вчера во 13:30 часот во СВР Скопје, С.П.(44) од Скопје пријавила дека подолг период три малолетнички ја следеле, вознемирувале и упатувале закани на најзината 14-годишна ќерка, додека на 24.09.2025 ѝ упатиле закани преку мобилна апликација, стои во полискиот билтен.
За настанот е известен јавен обвинител и се преземаат мерки за рачистување на случајот.
Вториот случај го пријавил таткото на малолетно момче, кое физички било нападнато од неколку негови соученици.
-Во СВР СКопје вчера во 13:45 часот, Т.Т.(57) од Скопје пријавил дека на 25.09.2025 околу 11:30 часот во спортска сала од основно училиште на подрачјето на Чаир, неговиот малолетен син бил физички нападнат од неколку негови соученици, се вели во полицискиот билтен.
Се преземаат мерки за расчистување и на овој случај.
Топ
Превезувал мигранти и удрил полициски службеник во обид да избега

На автопатот Граничен премин Табановце – Куманово, вчера околу 16:30 часот полициски службеници го лишиле од слобода М.Б. (25) од Неготино, кој превезувал мигранти и удрил полициски службеник во обид да избега.
-На автопатот Граничен премин Табановце – Куманово, вчера околу 16:30 часот полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Сопот при Регионалниот центар за гранични работи Север го лишиле од слобода М.Б. (25) од Неготино. Претходно, полициските службеници забележале дека од возилото „мазда“ со пробиштипски регистарски ознаки, кое го управувал, излегле неколку лица мигранти. Потоа, откако му дале знак за запирање, тој се бидел да побегне и со возилото удрил еден полициски службеник, но набргу бил совладан и лишен од слобода, се вели во соопштението од МВР.
Лицето е задржано во полициска станица и се преземаат мерки за пронаоѓање на мигрантите и за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Возач со ауди усмрти 83-годишен пешак на патот од Горно кон Долно Лисиче

Денеска во 08:15 часот во СВР Скопје е пријавено дека на патот Горно Лисиче – Долно Лисиче во Скопје, патничко возило „ауди а6“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Г.Д. (30) од Скопје, удрило во пешакот Т.Ѓ.(83) од Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил Т.Ѓ., констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје, каде што подоцна починал. Лекар констатирал смрт, а увид извршиле јавен обвинител и увидна екипа од СВР Скопје.
По насоки на јавен обвинител возачот Г.Д. е лишен од слобода и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.