Црна хроника
Приведен маж од ресенско, злоупотребил картичка на скопјанка
Вчера, во 18 часот, од полициски службеници од Одделението за криминалистички работи Кисела Вода бил лишен од слобода С. С. (38) од с. Стење, Ресенско, со престојувалиште во Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело кражба извршена во периодот од 21.8. до 15.10.2021 од оштетената В. С. (82) од Скопје.
Таа пријавила дека од нејзината платежна картичка ѝ биле повлечени 62.000 денари.
По преземените мерки и активности, утврдено е дека пријавениот е сторител на кривичното дело. Со него бил извршен службен разговор, во кој во целост го признал извршувањето на кривичното дело.
Имено, тој ја фотографирал картичката на оштетената и во повеќе наврати ја употребил на интернет-страница, каде што потрошил 62.000 денари. За настанот бил известен јавен обвинител и по целосното документирање, ќе следува соодветна кривична пријава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Топ
Мајка и дете загинаа по пад од зграда во скопски Карпош
Женско лице и нејзиното малолетно дете се пронајдени попладнево починати по пад од тераса во скопски Карпош.
Од Министерството за внатрешни работи го потврдија случајот без дополнителни детали.
„Денеска околу 14:15 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Карпош од балкон од зграда се фрлиле женско лице и малолетно дете кои починале.
Полициски службеници се излезени на местото на настанот“, потврдија од МВР, најавувајќи повеќе детали по завршување на увидот.
Црна хроника
Скијач од Словенија повреден на Титов Врв
Вчера во 12:05 во СВР Тетово е пријавено дека на место викано „Бакардан“, во близина на „Титов Врв“, има повредено лице.
Според пријавеното, Ј.Р.(65) од Словенија паднал и се повредил при скијање.
Со ратрак служба е преземен и пренесен во Клинички центар Тетово каде му е укажана лекарска помош.
Црна хроника
Пукање во Чаир, од автомобил во движење испукани неколку куршуми
Вчера вечерв во 22:52 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Чаир во Скопје, од патничко возило во движење биле испукани неколку куршуми.
Повредени лица нема, а по преземени мерки полициски службеници од местото на настанот подигнале осум чаури.
Од МВР влеат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
фото/Depositphotos

