Црна хроника
Приведен македонски државјанин што убил две жени во Тирана
Уапсен е македонскиот државјанин што претпладнево изврши двојно убиство на жени во Тирана.
Од албанската полиција информираат дека станува збор за Перпарим Адеми (59), кој во моментот се наоѓа во Управата на полицијата во Тирана за понатамошна постапка.
Адеми ги застрелал Кристина Барди, со која живеел во вонбрачна заедница, и нејзината сестра Жанета Метани. Како што соопштија од полицијата, тој испукал повеќе куршуми од автоматско оружје по што се дал во бегство.
Убиството го извршил пред очите на децата на една од сестрите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Пронајдени 10 мигранти, приведен криумчарот од Албанија
Вчера во 23:35 часот на улицата „Вардарски рид“ во Гевгелија, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Богородица го лишија од слобода 24-годишниот В.Ц. од Република Албанија.
При контрола на патничко возило „киа“ со албански национални ознаки, кое го управувал, пронајдени се 10 лица мигранти, од кои седум од Египет и три од Мароко.
Мигрантите се сместени во прифатно-транзитен центар во Гевгелија, а лицето е задржано во полициска станица.
Известен е јавен обвинител и по целосно расчистување и документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
„Мерцедес“ со германски таблички се преврте на патот Кичево – Гостивар: повредени три лица, меѓу нив и малолетничка
Вчера во 12:50 часот во ОВР Гостивар е пријавено дека на патот Кичево-Гостивар, во близина на „Мавровска раскрсница“, патничко возило „мерцедес“ со германски национални ознаки, управувано од И.Р.(39) од Кичево, се превртело на коловозот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, а со телесни повреди се здобиле 14-годишна сопатничка од с.Стрелци, кичевско и А.В.(24) од Романија, констатирани во Општата болница Гостивар.
Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Гостивар.
Црна хроника
Прегазен пешак во Куманово: пренесен во болница со тешки повреди
Синоќа околу 19.50 часот во СВР Куманово е пријавено дека на ул.„Ѓорче Петров“ во Куманово, патничко возило „фолксваген голф“ со кумановски регистарски ознаки управувано од 27-годишната Н.Т. од Куманово удрило пешакот О.А.(46) од с.Тромеѓа, кумановско.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Општата болница Куманово.
Полицијата соопшти дека е извршен увид од увидна екипа од СВР Куманово.

