Црна хроника
Приведен разбојник од Гостивар – извршил 8 тешки кражби и подметнал пожар во автомобил

Гостиварската полиција расчисти осум тешки кражби, едно загрозување на сигурноста и едно опожарување автомобил и до надлежното Обвинителство поднесе кривична пријава против Н. А. (42) од гостиварско Врапчиште поради сомнение за сторени кривични дела тешка кражба и загрозување на сигурноста.
Гостиварецот се сомничи дека минатиот и на почетокот на овој месец, со употреба на сила, извршил 8 тешки кражби во продавници и помошни објекти од куќи во поширокиот регион на Врапчиште и притоа најчесто одземал пари и разновидни производи, кои потоа ги препродавал.
Тој исто така се сомничи дека на едно лице од овој регион му го опожарил возилото.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Човечки труп извлечен од Вардар во Долно Лисиче

Вчера во полицијата било пријавено дека по течението на реката Вардар во Долно Лисиче, пловел човечки труп, кој малку подоцна бил извлечен од водата од страна на противпожарната единица Скопје.
Од лекар од Итна медицинска помош е констатирана смрт, соопшти МВР.
Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје и известен е Јавен обвинител по чија наредба телото е предадено за обдукција.
Црна хроника
Скопјанка натепана од поранешниот партнер среде бел ден во парк

40-годишна скопјанка пријавила дека вчера околу 14.00 часот во парк на подрачјето на Центар, по претходна расправија, била физички нападната од нејзиниот поранешен вонбрачен партнер В.М..
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопшти МВР во дневниот билтен.
Црна хроника
Грк почина во казино во Гевгелија

Синоќа во полицијата е пријавено дека во казино од хотел на подрачјето на Гевгелија, Г.З.(67) од Грција се струполил на подот.
Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство, соопшти МВР.
Увид извршиле увидна екипа на Полициска станица Гевгелија и Јавен обвинител, по чија наредба телото е предадено за обдукција.