Црна хроника
Приведен скопјанец, возел со 101 км/час на место на кое е дозволено 40 км/час

Ноќеска во 00.44 часот полициски службеници од Полициската станица безбедност на патниот сообраќај Пробиштип го лишија од слобода 56-годишниот А.Р. од Скопје.
На регионалниот пат Р-1205 во село Пишица, пробиштипско, тој управувал патничко возило „фолксфаген“ со скопски регистарски ознаки со брзина од 101 километри на час на место каде максимално дозволена брзина е 40 километри на час, во населено место.
По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
20-годишник крадел по кафе-барови и продавници, земал алкохол и пари

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 20-годишник за кого постои основано сомнение дека во само неколку дена во мај извршил четири тешки кражби.
На 6 мај со алат и физичка сила ја скршил вратата од кафе бар во еден трговски центар и одзел повеќе шишиња алкохолни пијалоци во вкупна вредност 25.664 денари.
На 23 мај по полноќ, исто така, насилно влегол во билијард клуб и од касата одзел 28.692 денари.
Потоа на 25 мај наутро одзел уште 2.000 денари од касата во продавница во која влегол кршејќи ја вратата, а еден ден подоцна, на сличен начин, 2.000 денари одзел и од кутијата за пари во автомат за кафе во сопственост на правно лице.
Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот.
Црна хроника
Скопјанец со „мерцедес“ му го прегазил стапалото на полициски службеник

Во СВР Скопје, синоќа околу 20.05 часот е пријавено дека на крстосницта од бул.„Илинден“ со ул.„Бледски договор“ во Скопје, патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Д.(30) од Скопје, прегазил на стапало полициски службеник додека извршувал службени дејствија.
Притоа, полицискиот службеник се здобил со телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „8 Септември“ – Скопје.
Извршен е увид, соопшти полицијата.
Црна хроника
Двегодишно дете прегазено од електричен тротинет во паркот „Тоше Проески“

Синоќа во 19.50 часот во СВР Скопје е пријавено дека во рекреативен парк Тоше Проески во нас.Ново Лисиче, електричен тротинет удрил во двегодишно дете од Скопје.
По случката лицето што управувло со тротинетот го напуштило местото на настанот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобило детето, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
Полицијата соопшти дека е извршен увид од екипа на СВР Скопје.