Црна хроника
Приведен тетовец поради напад на сопругата
Полициски службеници од СВР Тетово вчера го привеле Т.М.(37), поради тоа што физички ја нападнал неговата 35-годишна сопруга. Тој бил приведен и задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти полицијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
При ископ на земја најден арсенал од муниција
Поголема количина боева муниција, рачни гранати и мини биле најдени во Гостиварско. Случајот во СВР Тетово е пријавен вчера, 3.01.2026 во 18:25 часот.
-Во близина на патот на делницата помеѓу селата Митрови Крсти и Симница, Гостиварско, при извршување работни активности – ископ со работна машина багер, вработени во фирмата кој вршела ископ, пронашле две пластични буриња кои биле полни со куршуми, рамки за автоматско оружје, мини и други експлозивни средства, изјави Фатмир Реџепи, портпарол на СВР Тетово.
Тој посочи дека местото е обезбедено и се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот.
Црна хроника
Жена го претепала сопругот во Демир Капија
Полициски службеници од ОВР – Неготино лишија од слобода 36-годишна жена од Демир Капија, вчера попладне во 17 часот, постапувајќи по претходна пријава дека во домот, физички го нападнала нејзиниот 58-годишен сопруг, соопштија денеска од Секторот за внатрешни работи – Велес.
– За настанот е известен јавен обвинител, таа е спроведена во здравствена установа и по документирање на настанот, ќе биде поднесен соодветен поднесок, додадоа оттаму.
Црна хроника
Кумановец возел со 2,29 промили алкохол во крвта
Триесет и девегодишен возач од кумановското село Орашац ноќеска е приведен откако при сообраќајна контрола утврдено е дека возел со 2,29 промили алкохол во крвта.
Покрај него,откриени се уште четворица возачи од Куманово, Демир Хисар и Кочани кои возеле под дејство на алкохол.
По целосно документирање на случаите против нив ќе биде поднесена пријава за „безобѕирно управување со моторно возило“.

