Црна хроника
Приведен 19-годишник во Тетово оти предизвикал пожар

Тетовската полиција го приведе 19-годишниот С.М. од Скопје, со привремено место на живеење во Тетово, кој бил затекнат додека палел кабли.
Со тоа, како што велат од МВР, предизвикал пожар кај железничкиот надвозник на улицата Маршал Тито во Тетово.
Со интервенција од Тетовската противпожарна единица, пожарот бил изгаснат, а С.М. е задржан во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе биде изготвен соодветен поднесок.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Кокаин најден во дом на скопјанец

Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување на истражна постапка против 42-годишен скопјанец за кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ и „овозможување употреба на наркотични дроги“.
Во станот во кој престојувал осомничениот на улицата „Матеја Матевски” во Скопје полицијата пронашла 14,2 грама амфетамин, околу 8 грама кокаин, помали количества марихуана и МДМА (3,4 метилен диоксиметамфетамин). При претресот во домот било затекнато уште едно лице на кое осомничениот му овозможил да користи кокаин.
Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот.
Црна хроника
75-годишен мотоциклист тешко повреден во сообраќајка

Вчера околу 10:30 часот во СВР Скопје, било пријавено дека на автопатот Скопје- Куманово, се случила сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл „линфан“ со скопски регистарски ознаки, управуван од П.Д.(75) од Скопје, мотоцикл „хонда“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Х.К.(27) од Скопје и мотоцикл „хонда“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Б.Р.(37).
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мотоциклот „линфан“ П.Д., додека со телесни повреди сопатничката од мотоциклот „хонда“ С.П., констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје. Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје.
Црна хроника
Мотоциклист тешко повреден откако излетал од патот

Вчера во 11:20 часот во ОВР Кратово било пријавено дека на регионален пат во село Железница, кратовско, Б.Д.(24) од Скопје управувајќи мотоцикл „кимко” со скопски регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал на коловозот.
Во несреќата, Б.Д. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во комплекс клиники “Мајка Тереза” во Скопје. Увид извршила екипа од ОВР Кратово.