Црна хроника
Приведен e избеган крадец, ќе доиздржува уште 4 години и 8 месеци

Денеска, во 8.10 часот, на улицата Јадранска магистрала во Скопје, полициски службеници од Оперативниот тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода Т. И. Д. (35) од Скопје.
Тој бил баран по централна потерница од Казнено-поправната установа „Затвор Идризово“ за доиздржување казна затвор од четири години и осум месеци, а осуден со повеќе пресуди на единствена казна затвор од 10 години и пет месеци за сторени кривични дела според член 236 од Кривичниот законик.
Лицето ќе биде предадено во казнено-поправната установа за доиздржување на казната.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
422 санкции за брзо возење

Во текот на вчерашниот ден (10.08.2022) Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 422 возачи.
Од нив 21 возило се движело со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а три возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.
Притоа 211 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 211 надвор од населено место.
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.
Црна хроника
Приведен крадец, дел од одземеното вратено на сопственикот

Вчера во 10.40 часот на подрачјето на Драчево полициски службеници од Единицата за внатрешни работи-Одделение за криминалистички работи Аеродром и Драчево и од Полициската станица Драчево го лишиле од слобода Г.Ј.(50) од Скопје.
Тој се сомничи дека неколку часа претходно извршил кривично дело „тешка кражба“ од продажен објект на подрачјето на Драчево.
Во службен разговор Г.Ј. го признал делото, а дел од одземените предмети се пронајдени и вратени на сопственикот.
По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Топ
Приведено лице од скопско, предизвикало пожар на отворен простор

Синоќа во 19.20 часот на подрачјето на Драчево од полициски службеници од Полициска станица Драчево од слобода е лишен Ф.С.(59) од село Долно Количани, скопско.
Постапувајќи по пријава од 09.08.2022 во 11.55 часот, според која покрај патот кој води за с.Парагуша било забележано едно лице кое управувало патничко возило „шкода фелиција“, со скопски регистарски ознаки, како со запалка ја запалило сувата трева покрај патот, биле преземени мерки и активности и лицето е пронајдено и приведено.
Притоа, пожарот бил изгаснат од противпожарната единица Скопје.
Во координација со Јавен обвинител по целосно документирање на случајот, против Ф.С. ќе биде поднесен соодветен поднесок.