Топ
Прилепчанец со автомобил удрил во четворица пешаци, од кои две деца
Дваесет и деветгодишен прилепчанец со автомобил удрил во четворица пешаци, од кои двајца малолетни. Едно лице се здобило со тешки повреди.
Според информациите на МВР, вчера во 22:06 часот било пријавено дека во Прилеп на ул. 11 Октомври автомобил „голф“, со прилепски регистарски ознаки, управуван од Б.Т.(29) од Прилеп удрил во пешаците О.С.(37), Б.М.(18) и уште двајца малолетници, сите од Прилеп.
Во несреќата О.С. се здобил со тешки телесни повреди, а останатите пешаци се здобиле со телесни повреди, констатирани во Градската болница во Прилеп. Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Прилеп.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Топ
Двајца млади скопјани најдени починати – едниот во напуштена куќа во Центар, другиот во дом на пријател во Кисела Вода
Двајца скопјани на возраст од 25 и 36 години биле пронајдени починати во текот на изминатото деноноќие.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, околу 20 минути по полноќ, во напуштена куќа на подрачјето на Центар бил пронајден починат Е.Р. (25) од Скопје.
Во текот на вчерашниот ден во полицијата било пријавено и дека во дом на негов пријател на подрачјето на Кисела Вода во Скопје бил пронајден починат Б.П. (36) од Скопје.
Во двата случаи, според констатацијата на лекар од Итната медицинска помош, не биле утврдени видливи траги на насилство.
По наредба на јавен обвинител, телата на починатите се дадени на обдукција. Засега нема дополнителни информации за околностите под кои настапила смртта.
Македонија
Мал авион се урна во Мавровското Езеро, едно лице повредено
Мал авион денес се урна во Мавровското Езеро.
Во авионот имало две лица, од кои едното е повредено, потврдија од Центарот за управување со кризи.
Инцидентот бил пријавен на бројот 112, а надлежните постапиле на самото место.
Фото: Пекселс, Сабина Калари
Македонија
(Видео) „Наместо студен камен, никнуваат дрвја што ќе растат“ – засадени 63 јавори во спомен на починатите во „Пулс“
Во Кочани се засадени 63 јавори, по еден за секој млад живот згаснат во пожарот во дискотеката „Пулс“.
„Овој чин не е само еколошка акција, туку длабоко симболичен и човечки гест. Секој јавор претставува жив споменик, тивок знак на почит и сеќавање на нашите деца“, велат семејствата на загинатите деца.
Наместо студен камен, како што додаваат, избрале да засадат дрвја што ќе растат и ќе сведочат за постоењето на нивните деца, како симбол на живот, надеж и сила, со порака дека тие никогаш нема да бидат заборавени.
Семејствата им се заблагодарија на сите што дале поддршка и солидарност во најтешките моменти истакнувајќи дека токму таа поддршка ги покажува општествената одговорност и човечноста и дека од болката заеднички е создадено нешто трајно, достоинствено и исполнето со љубов.

