Црна хроника
Прилепчанец тешко повреден по пад во сала на битолскиот Универзитет

Педесет и петгодишен прилепчанец тешко се повредил кога паднал од поголема височина во Битола.
Како што информираат од МВР, прилепчанецот во пладневните часови на 6 декември поставувал осветление во сала на објектот на Универзитетот во Битола, при што паднал и добил тешки повреди.
По падот, му била укажана лекарска помош во Клиничката болница во Битола, а полицијата извршила увид на местото на настанот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Топ
Прегазена жена на улица во Скопје, возачот е непознат

(Фото: Илустрација)
Седумдесет и двегодишна жена почина по удар од автомобил во Скопје.
Како што соопшти полицијата вчера во жената со иницијали Т.С. удрило непознато патничко возило, управувано од непознат возач.
Несреќата се случила на крстосницата од улиците „Нов живот“ и „Клисурска“, а жената по ударот била пренесена во Градската општа болница „8-ми Септември“, каде по неколку часа била констатирана смрт.
Увид бил извршен, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатата било дадено во институтот за судска медицина на обдукција. МВР јави дека преземаат мерки за пронаоѓање на возачот и возилото и за целосно расчистување на случајот.
Топ
Aвтомобил излета од патот, потешко повредени три млади лица

Утрово по полноќ, на крстосницата од регионалниот пат Куманово-Свети Николе се преврте патничко возило управувано од 26-годишно лице од Скопје.
Како што соопшти полицијата, возилото излетало од патот и се превртело на покривот во Кнежевска река.
„Со тешки телесни повреди е здобиле сопатниците П.Ј.(25) од Скопје, А.М.(21) од Куманово и Х.И.(20) од Скопје. Со возила на Итна медицинска помош тие биле пренесени во болницата во Штип, по што П.Ј. бил пренесен во Градската општа болница „8-ми Септември“ во Скопје, а останатите биле задржани на понатамошно лекување“, соопшти МВР.
Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Свети Николе.
Топ
Во нива во Волково најдено мртво тело на 29-годишна скопјанка

МВР соопшти дека утрово во 9.50 часот било пријавено дека има починато женско лице во нива што се наоѓа во непосредна близина на последната автобуска постојка во село Волково.
На местото излегле полициски службеници и било констатирано дека се работи за лицето М.Ѓ. (29) од Скопје, а смрт без видливи траги на насилство констатирал лекар од Итната медицинска помош. По наредба на јавен обвинител, телото на починатата било пратено на обдукција.
- Истражувања3 месеци
Во дворот на МЗТ ќе се гради фабрика за преработка на медицински отпад, паника кај околните фирми
- Истражувања1 месец
(ВИДЕО) Градоначалничката на Арачиново со службени пари купувала суџук, мирисливи свеќи, пилешки гради и дрвени лажици
- Истражувања2 месеци
Фондот за иновации прво одобрил грант од 200 илјади евра на сопругот, па ја вработил сопругата
- Проверка со факти3 месеци
Заев прифаќа амнестија за 27 април, а тврдеше дека нема да има
- Проверка со факти2 месеци
(Видео) Шекеринска: Нема да се пазариме со амнестија
- Проверка со факти2 месеци
(Видео) Макрадули: Популизмот не помага при решавање со загадувањето
- Македонија2 недели
Скандалозна распределба на пари во култура – има за тетовски, нема за скопски џез-фестивал
- Македонија2 месеци
(Видео) Кога општеството потфрла, кучето Бен му помага на момчето со церебрална парализа