Црна хроника
Прилепчанка пријавила насилно грабнување на нејзината ќерка

Прилепчанка со иницијали А.Р. (44), околу 21 часот на 3 април во полиција пријавила дека А.З. (26) со автомобил „голф“ насилно ја однел нејзината ќерка.
Полициски службеници постапиле по однос на оваа пријава и околу 30 минути по полноќ, на 4 април, го пронашле и привеле 26-годишниот прилепчанец.
За настанот известен е и јавен обвинител и по документирање на случајот ќе следи соодветна пријава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Жива музика во гостиварски локал во време на забрана за работа

Гостиварската полиција поднесе кривична пријава против 47-годишниот Р. Б. од селото Добридол поради сомнение за сторено кривично дело непостапување според здраствените прописи.
Како што информираат од МВР, на 5 април била извршена контрола во неговиот угостителски објект и било констатирано дека во објектот има жива музика и биле затекнати гости, со што сопственикот постапил спротивно на одлуките на Владата за отворање и работа на угостителските објекти.
Црна хроника
Приведен дилер од Тетовско за издржување затворска казна

34-годишен тетовец е приведен денеска заради издржување на три и полгодишна затворска казна.
Како што информира Министерството за внатрешни работи, денеска околу 12:20 часот на улица Маршал Тито во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово го привеле 34-годишниот А.А. од тетовско Шемшово, осуден на три и полгодишна затворска казна за сторено кривично дело невовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстаниции и прекурсори, казниво по Кривичниот законик.
Според надлежните по приведувањето, реализирано со судска наредба, А.А. ќе биде спроведен во затворот „Идризово“ во Скопје за издржување на казната.
Црна хроника
Две лица од Штип затекнати при вршење тешка кражба

Две лица од Штип биле затекнати при вршење тешка кражба од градежен објект, информира Министерството за внатрешни работи.
Од таму дообјаснуваат дека вчера полициски службеници од Полициската станица Штип ги лишиле од слобода Т.М.(28) и Н.А.(19), двајцата од Штип, затоа што околу 23:35 часот на ул. Борис Крајгер во Штип биле затекнати при вршење на кривично дело тешка кражба од градежен објект.
Од страна на полициски службеници биле одземени украдените предмети и ќе бидат вратени на оштетеното лице.
По целосно документирање на случајот, против Т.М. и Н.А. ќе бидат поднесени соодветни пријави.
- Свет3 месеци
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер
- Европа2 месеци
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Економија2 месеци
Сите брендови на Индитекс доаѓаат во „Ист гејт мол“
- Свет1 месец
(Видео) Полиција собори маж на земја пред неговото мало дете зашто немал маска
- Економија3 недели
„Оштетени штедачи“: Фирма на Игор Џамбазов зела неповратен кредит од Еуростандард банка
- Црна хроника3 месеци
Брат и сестра нападнати на Широк сокак
- Регион4 дена
„Фајзер“, „спутник В“ или „Синофарм“ – истражување во Србија покажа која вакцина штити најбргу
- Регион2 месеци
Вучиќ за ковид-пасошите: Кои сте вие да го ограничите движењето на некој што не сака да се вакцинира?