Црна хроника
Притворен крадец што ограбувал викендички во Охрид
Судот му определи осумдневен притвор на крадец што ограбувал викенд-куќи во Лагадин и во Елешец во Охрид.
СВР Охрид поднесе кривична пријава против С. Ѓ. (35) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторени две кривични дела тешка кражба и против К. А. (38) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторени две кривични дела прикривање и две кривични дела помагање.
Пријавениот С. Ѓ. ги извршил кражбите во периодот од ноември до декември 2019 година во викенд-куќи во охридските населби Лагадин и Елешец, каде што влегувал со употреба на сила и одземал алати за работа, телевизори, уметнички слики и други вредни предмети, кои потоа второпријавениот К. А. ги транспортирал и ги криел во својот дом.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Со ловечка пушка се заканувал на вработена во адвокатска канцеларија
ОВР Кичево поднесе кривична пријава против Ф.Б.(47) од кичевското село Туин поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“.
На 21.01.2026 пред адвокатска канцеларија во Кичево, тој со ловечка пушка се заканувал на вработена во канцеларијата. По преземени мерки, тој бил пронајден и лишен од слобода.
Црна хроника
Го нападнал синот во Струшко
Вчера во 18:30 часот во ОВР Струга било пријавено дека Џ.А. во семејниот дом во струшко село физички го нападнал неговиот син.
По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
(Фото) Претрес во Гостивар, пронајдена дрога, уапсен 69-годишник
Вчера во 15:30 часот на улицата „Шуматовска“ во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода 69-годишниот Ј.Џ. од Гостивар.

При преглед кај него и во патничкото возило „фолксваген пасат“ со гостиварски регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени и одземени три пакувања со кафеава прашкаста материја.

Подоцна, со судска наредба, бил извршен претрес во неговата куќа и помошни простории во Гостивар, при што биле пронајдени и одземени три ќеси со кафеава прашкаста материја.

Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок.

