Црна хроника
Притвор за разбојник кој извршил пет тешки кражби од куќи и станови во Скопје

По преземени мерки и активности во врска со расчистување на сторени тешки кражби од станови и куќи на подрачјето на Скопје, полицијата на 2 април, во 19 часот, на улуца Разлошка го лишила од слобода Р.В. (48) од Скопје.
По насока на јавен обвинител и по судска наредба бил извршен претрес во неговиот дом, а со него бил извршен и службен разговор, при што било утврдено дека извршил пет тешки кражби и еден обид за тешка кражба во куќи и станови.
Против него е поднесена кривична пријава за сторени шест кривични дела, а од страна на судија на претходна постапка му била одредена мерка притвор.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
180 сообраќајни прекршоци во Скопје

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
На територија на Град Скопје изречени се вкупно 180 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 12 санкции, 44 мерки за прекршоци што ги прават пешаците, 12 мерки за возење без возачка дозвола.
Изречени се 11 мерки за користење мобилен телефон, седум санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл, пет мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло), четири санкции за возење под дејство на алкохол, девет мерки за недавање првенство на минување на пешаци, шест санкции за некористење сигурносен појас.
Засилените акциски контроли продолжуваат.
Црна хроника
Петмина албански државјани повредени во сообраќајка на патот Струга – Ќафасан

Во ОВР Струга во вечерните часови на 17 мај било пријавено дека на магистралниот пат Струга – Ќафасан се случила сообраќајна несреќа помеѓу автомобил „опел корса“ со албански национални ознаки, управуван од Л.Б. (23) од Република Албанија и автомобил „фолксваген пасат“ со албански национални ознаки, управуван од Ј.Т. (38) од Република Албанија.
Како што информираат од МВР, во несреќата со тешки повреди се здобиле Л.Б., неговиот сопатник Ф.Б. (39) и патник од „пасатот“, М.Ф. (38), сите од Република Албанија, кои биле пренесени во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид.
Со повреди се здобиле и Ј.Т. и неговиот сопатник Ф.Б. (35) од Република Албанија, констатирани во медицинскиот центар Струга.
Увид на местото извршила екипа од ОВР Струга.
Црна хроника
Камионџија од Грција нападна царински службеник, полицијата го приведе

Синоќа на граничниот премин „Табановце“, полициски службеници го привеле Н.Н.(42) од Република Грција.
Од МВР информираа дека тој се однесувал агресивно и физички нападнал царински службеник кој вршел царинска контрола на неговото товарно возило со кое пристигнал на преминот.
„Н.Н. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава“, соопшти полицијата.