Црна хроника
Притвор за струмичанецот што изврши обљуба врз немоќно лице
Триесет и двегодишниот струмичанец, кој е осомничен дека вчера во село Муртино, Струмичко, околу 10.30 часот ја нападнал оштетената – лице со пречки во развојот и, како што соопштија од ОЈО, мажот притоа извршил и обљуба, доби 30-дневен притов, соопштија од Обвинителството.
„Тој како вработен во претпријатие за собирање отпад претходно се сретнал со оштетената, при што ја спознал нејзината состојба, како и домот во кој живее. Во момент кога жртвата била сама, осомничениот го извршил делото. По пријава од родител на жртвата, осомничениот веднаш ле ишен од слобода“, соопштија од ОЈО.
Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица донесе наредба за спроведување истражна постапка против осомничениот за сторено кривично дело обљуба врз немоќно лице од член 187, став 2 од Кривичниот законик.
„Истовремено, обвинителот ценеше дека се исплонети законските основи, па до Основниот суд Струмица достави предлог за определување на мерката притвор. Судот го прифати предлогот на осомничениот и со решениe му определи притвор во времетраење од 30 дена“, стои во соопштението на ОЈО.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Стружанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка
Полицијата во Тетово поднесе кривична пријава против А.А.(41) од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на лични податоци“ и „производство и дистрибуција на детска порнографија“.
Пријавениот, на социјална мрежа, објавил фотографии и видео снимки со експлицитна содржина од женско лице, кое во тоа време било малолетно.
Црна хроника
Жена од Гевгелија измамила Грк дека е од Царина и му зела 2.000 евра
Полицијата поднесе кривична пријава против М.Ј.(46) од Гевгелија, поради измама.
„Пријавената, на 13 септември на царинскиот терминал на Граничниот премин „Богородица“, го довела во заблуда грчкиот државјанин К.Г.К., на начин што лажно се претставила дека е застапник во царински постапки и лажно му прикажала факти дека сторил тежок царински прекршок, поради што ќе биде задржан на македонско-грчката граница од страна на царинските власти и му побарала 2.000 евра, за да му помогне, на што се согласил“, објави МВР во дневниот билтен.
Црна хроника
Демолиран изборен штаб во Конче
Г.Г.(45) од село Дедино, општина Конче, пријавил во полицијата дека ноќта помеѓу 24 и 25.04.2024 во времето од 22.00 до 06.00 часот било скршено стакло на објект во село Дедино, кој се користел како штаб на кандидат за претседател на државата.
Увид на местото извршила екипа на ОВР Радовиш и се преземаат мерки за расчистување на случајот.