Црна хроника
Пријава за тетовец кој со Ковид-19 шетал низ градот
СВР Тетово поднесе кривична пријава против И.Х.(55) од с.Милетино, Tетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „пренесување заразна болест’’.
На 30.08.2020 полициски службеници извршиле контрола во домот на пријавениот, но тој не бил затекнат дома и покрај тоа што бил позитивен на Ковид-19 и на тој начин не постапил според здравстените прописи за време на епидемија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Откриена марихуана во автомобил на кумановец
Скопското обвинителство побара притвор за кумановецот во чиј автомобил беше пронајдена марихуана, соопшти денеска ЈОРСМ. Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против едно лице од Куманово, бидејќи постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.
– Во автомобил со кој управувал осомничениот во Скопје полицијата пронашла околу пет килограми марихуана, спакувана во вакумирани најлонски ќеси ставени во куфер во багажникот, соопшти денеска ЈОРСМ.
Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот.
Црна хроника
Татко ја претепал 16-годишната ќерка во семејниот дом
Полициски службеници од СВР Штип го привеле Т.Ј. (44) од Кочани, по претходна пријава дека физички ја нападнал својата 16-годишна ќерка, соопштија од полицијата.
Според пријавата, на 5 јануари 2026 година, во семејниот дом, Т.Ј. со употреба на тврд предмет ја нападнал неговата ќерка и ѝ го одзел мобилниот телефон.
По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Кривична пријава за обид за убиство во Охрид, маж пукал кон возач
СВР Охрид поднесе кривична пријава против М.Т. (40) од охридското село Лескоец поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „Убиство во обид“, информираат од полицијата.
Како што се наведува во соопштението, на 30 декември 2025 година околу 01:00 часот, М.Т. со огнено оружје пукал кон паркирано патничко возило „Голф“ во близина на струшкото село Ливада. Возачот, Џ.Д.П. (40) од Охрид, се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Општата болница во Струга.
Потоа, со закани кон сопатничката во возилото, М.Т. ја принудил да влезе во неговото возило. СВР Охрид ја поднесе кривичната пријава поради сериозноста на настанот и постоењето основи за сторено кривично дело.

