Црна хроника
Пријави против пет лица, кои направиле штета од над два милиона денари крадејќи бакарни кабли
СВР Скопје поднесе кривична пријава против Е. З. (50) од Битола и С. Д. (30), С. Д. (28), Ф. А. (37) и О. А. (36), сите од Скопје, поради сомнение за сторени 28 кривични дела, од кои 12 тешка кражба, по две уништување или оштетување јавни инсталации и помагање при прикривање и по едно кривично дело кражба и загрозување на безбедноста на сообраќајот со опасно дејство или средство.
Како што информираат од МВР, по претходен меѓусебен договор меѓу пријавените, во периодот од 10 јуни до 9 јули 2021, на повеќе локации, првопријавениот со употреба на физичка сила ја отворал шахтата (кабелско окно), сопственост на телекомуникациска компанија, а потоа со бонсек ги сечеле бакарните кабли, ги одземале и ги товарале во возило, со што причиниле материјална штета од 2.149.919 денари.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Камион удри во крава на патот Крива Паланка – Куманово
Камионџија од Бугарија усмрти крава на патот Крива – Паланка – Куманово.
Според информациите на МВР, вчера во 18:00 часот во ОВР Крива Паланка e пријавено дека на магистралниот пат Крива Паланка – Куманово, во село Жидилово, кривопаланечко, товарно возило „мерцедес“, управувано од Е.М.С.(59) од Бугарија, удрило во домашно животно – крава, по што животното починало, а тој со возилото го напуштил местото.
По преземени мерки Е.М.С. бил пронајден и против него ќе следува соодветна пријава. Увид извршила екипа од ОВР Крива Паланка.
Црна хроника
84-годишна битолчанка измамена за сума од 9.600 евра
Осумдесет и четиригодишна битолчанка пријавила во полицијата дека била измамена од едно лице за сума од 9.600 евра.
„Според пријавеното, претходно лицето ѝ се јавило, се претставило како лекар и ѝ кажало дека нејзината ќерка се здобила со скршеници и било потребно да се направи итна операција, за што требало да плати. Како што е пријавено, таа ги дала парите на едно лице кое дошло пред нејзината зграда, а откако подоцна се слушнала со нејзината ќерка сфатила дека е измамена“, велат од МВР.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Фото: Depositphotos
Црна хроника
Скопјанец нашол паричник во Струга, ги потрошил парите, па пазарел и со картичката, МВР го пронајде
Полицијата во Струга поднесе кривична пријава против П.П. (41) од Скопје, со привремено живеалиште во Струга, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“.
Тој, во угостителски објект во Струга пронашол паричник сопственост на лице од струшко село, по што со парите а потоа и со банкарска платежна картичка, на повеќе продажни места, неовластено извршил плаќање за свои потреби.

