Црна хроника
При пад од ограда, тешко повреден осуденик во Идризово
Вчера во 23.00 часот во СВР Скопје, од Казнено – поправната установа Затвор Идризово било пријавено дека осуденикот, 35-годишниот М.П. од село Мојанци, скопско, при пад од ограда се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, извести МВР.
„Имено, според пријавеното, во 19.00 часот, откако му завршила смената во јавно претпријатие лоцирано веднаш до установата, за да излезе, се обидел да ја прескокне оградата затоа што главната капија била заклучена, а откако се качил на оградата, му се слошило и паднал“, соопшти МВР.
Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Кривична за тетовец: парите од наплата си ги присвојувал за себе
СВР Тетово поднесе кривична пријава против Ш.И.(49) од с.Милетино, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „проневера во службата“.
Во текот на 2023 и 2024 година, пријавениот како вработен во јавно општинско претпријатие вршел наплата во домови кај корисници во селата Милетино и Блаце, тетовско, а паричните средства не ги предал во благајната, туку ги присвоил за себе.
Црна хроника
Си подигнал кредит на туѓа сметка: кривична за скопјанец
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе кривична пријава против Т.А.(63) од Скопје.
Toj се сомничи за сторено кривично дело кривично дело „измама“.
Пријавениот лажно се претставил и преку социјална мрежа стапил во контакт со лице од Берово.
Под изговор дека на неговата сметка ќе му бидат испратени пари, пријавениот од лицето побарал и добил податоци од банкарската сметка и лична карта, по што подигнал кредит од финансиско друштво на име на оштетениот.
Црна хроника
Тепачка меѓу малолетнички на автобуска постојка во Ѓорче Петров
Синоќа во 23.50 часот во СВР Скопје, И.А.(41) од Скопје пријавила дека околу 18.50 часот на автобуска постојка на подрачјето на Ѓорче Петров, нејзините две малолетни ќерки биле физички нападнати од две други малолетнички.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.