Контакт

Црна хроника

Пронајдена артилериска граната од Првата светска војна

Објавено пред

При изведување градежни работи во близина на црквата во с. Трново, Битолско, била пронајдена неексплодирана артилериска граната од Првата светска војна.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Битола, а од пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување гранатата била безбедно подигната.

Црна хроника

Мотоциклист тешко повреден во сообраќајка во Прилеп

Објавено пред

Тешко повреден мотоциклист во сообраќајна несреќа што се случила вчера на крстосницата од ул.„Кеј 19-ти Септември“ со ул.„,Борка Спиркоски“ во Прилеп, помеѓу мопед „томос“ и автомобил „рено меган“.

Во незгодата, мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Општата болница Прилеп за укажување на лекарска помош. Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица Прилеп.

Прикажи повеќе...

Топ

Воз удри во автомобил во Прилеп, повредени четири лица

Објавено пред

Четири лица се повредени во железничка несреќа која се случила во близина на меѓуградската автобуска станица во Прилеп. Според информациите на прилепското обвинителство, несреќата се случила утринава во 5 и 20 часот, кога воз удрил во автомобил „ауди“ во кој имало пет лица, колеги, кои патувале кон работното место.

„Утринава во 5.20 часот, на железнички премин во Прилеп, во близина на меѓуградската автобуска станица, воз удри во патничко моторно возило ‘ауди’ во кое се превезувале пет лица. Патниците од автомобилот биле колеги кои утрината заедно патувале до своите работни места. При обид да ја преминат пругата, во нив удрил возот, при што две лица се телесно повредени, а две се здобиле со тешки телесни повреди“, соопштија од Обвинителството.

Надлежен јавен обвинител издаде наредби за фотографирање и скицирање на местото на настанот и за вршење на вонреден технички преглед на локомотивата од страна на машински инженер. Ќе се вештачи и рампата од железничкиот премин, во насока на утврдување на исправноста на нејзиното функционирање.

Од Обвинителството информираат дека по извршено тестирање не е утврдено присуство на алкохол кај возачите на локомотивата и возилото. Дејствијата на јавното обвинителство, додаваат од таму, ќе продолжат со цел да се расчисти причината која довела до железничката несреќа.

Прикажи повеќе...

Црна хроника

Тешко повреден градежен работник во Гостивар

Објавено пред

Четириесетитригодишен работник од село Градец вчера бил донесен во болницата во Гостивар, откако се повредил додека извршувал градежни работи на куќа на ул.„ЈНА“ во Гостивар.

Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициска станица Гостивар и инспектор за труд и заштита при работа. Се работи на расчистување на случајот.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ3 минути

Воз удри во автомобил во Прилеп, повредени четири лица

Четири лица се повредени во железничка несреќа која се случила во близина на меѓуградската автобуска станица во Прилеп. Според информациите на...

Македонија31 минута

Без многу оптимизам се очекува конечната одлука за преговори со ЕУ

Денешните разговори на лидерите на ЕУ во Брисел се последна надеж дека земјава може да го добие очекуваниот датум за...

Свет1 час

Трамп во нова трговска офанзива, воведе царини на бројни европски производи

Дополнителни царини во вредност од 7,5 милијарди американски долари за низа европски производи денеска воведоа САД, што претставува нова трговска...

Свет1 час

Eксплозии и пукање во Сирија, еден ден по договорот за прекин на огнот

Експлозии на гранати и пукање во областа на градот Рас ел Ајн во североисточна Сирија, на само еден ден по...

Европа2 часа

(Видео) Барселона во пламен, протестите излегоа од контрола

Илјадници луѓе синоќа излегоа на протест на улиците на Барселона, четврти ден по ред. Како што пренесуваат локалните медиуми, на...

Свет14 часа

Турција ги прекинува воените операции во Сирија

Американскиот потпретседател Мајк Пенс изјави дека постигнал договор со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган за прекин на огнот во северна...

Регион16 часа

Рама: Направивме сè што побараа од нас

Го направивме тоа што го бараа, изјави албанскиот премиер Еди Рама., по состанокот со комесарот на ЕУ за соседска политика...

Македонија17 часа

Францускиот сенат го ратификуваше Протоколот за членство во НАТО

Францускиот Сенат го усвои предлог-законот за ратификација на Протоколот за членство на Република Северна Македонија во НАТО. Предлог-законот беше усвоен...

Свет17 часа

Лајен: Длабоко жалам, но најверојатно и денеска нема одлука за проширување

Нема сигнал дека на состанокот на лидерите на ЕУ во Брисел ќе биде постигната одлука за процесот на проширување на...

Регион18 часа

(Видео) Борисов: Македонија е колку Софија, каков ризик може да биде?

Бугарскиот премиер Бојко Борисов пред почетокот на самитот на лидерите на ЕУ рече дека Македонија и Албанија треба да добијат...

Македонија19 часа

(Видео) Пакети со хигиенски влошки ќе се донираат на сиромашни жени и девојчиња

Пакети со хигиенски влошки, кои граѓаните ги донираа денеска на собирен пункт во „Веро Центар“, ќе бидат поделени на жени...

Македонија20 часа

(Видео) Манчевски: Регистарот на населението ќе помогне за прочистување на Избирачкиот список

Регистарот на населението ќе биде алатка што ќе го помогне спроведувањето на пописот, а податоците од Регистарот ќе бидат искористени...

Македонија21 час

Сивиот дом замина во историјата, децата од „Ранка Милановиќ“ сместени во групни домови

Во двата мали групни дома отворени денеска се згрижени децата што досега престојуваа во поранешната установа „Ранка Милановиќ“. Од денеска...

Топ22 часа

Скопјанец со пиштол на дијаболи сакал да ограби златарници во Охрид

Дваесет и тригодишен скопјанец со пиштол на дијаболи влегол во златарници во Охрид сакајќи да ги ограби. Според информациите на...

Македонија22 часа

(Видео) „Екогерила“: Масовна сеча на шума на Шара за да се градат хидроцентрали

Се опустошува шумата на Шар Планина, масовно се сечат дрвјата за да се градат хидроцентрали, апармираат невладините организации од Тетовскиот...

Топ22 часа

Расчистено убиството во Кочани – синот го избол татка си до смрт

Полицијата го расчисти убиството што се случи на крајот на септември во Кочани. Истрагата покажала дека синот со нож го...

Македонија23 часа

Заев-Тимерманс: ЕУ да донесе одлука за почеток на преговорите

Европската Унија сега треба да го направи одлучниот чекор и да донесе одлука за почеток на преговорите за пристапување во...

Европа23 часа

Постигнат договор за брегзитот

Договорот за брегзитот, конечно, е постигнат денес во Брисел, јавуваат странските медиуми. Велика Британија и ЕУ се согласија за новиот...

Македонија24 часа

Меркел: Се исплаќа на Северна Македонија и на Албанија да им се даде европска перспектива

„Мислам дека се исплаќа на Северна Македонија и на Албанија да им се даде европска перспектива“, порача германската канцеларка Ангела...

Европа1 ден

Лаура Ковеси стана главен обвинител на ЕУ – ќе се бори против измами

Поранешната шефица на романската Дирекција за борбата против корупцијата, Лаура Кодрута Ковеси, ќе биде главен обвинител на Европската унија за...

Досие