Црна хроника
Пронајдена дрога кај двајца браќа од Граешница

Поради поседување на дрога изречена е мерка притвор за двајца браќа од село Граешница, информираат од Основното јавно обвинителство Битола.
При извршениот претрес во домовите на двајцата осомничени, на возраст од 33 и 29 години, била пронајдена дрога, известуваат од обвинителството.
Осомничените, од засега непознати лица, неовластено ја набавиле дрогата со намера да ја продадат. Кај едниот од нив, марихуаната во вкупна нето-маса од 1843,6 грама била пронајдена во помошна просторија која е во состав на неговото дворно место.
При претресот биле пронајдени и 566 семки со нето-маса од 6,92 грама.
Во помошна просторија која се наоѓа во дворното место на вториот осомничен службените лица при вршење на претресот пронашле гранки, листови и врхушки од растението канабис сатива, од кое со понатамошна преработка може да се добијат опојни дроги, велат од обвинителството.
Од таму додаваат дека мерката притвор во траење од 30 дена е изречена поради непречено одвивање на кривичната постапка.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Човечки труп извлечен од Вардар во Долно Лисиче

Вчера во полицијата било пријавено дека по течението на реката Вардар во Долно Лисиче, пловел човечки труп, кој малку подоцна бил извлечен од водата од страна на противпожарната единица Скопје.
Од лекар од Итна медицинска помош е констатирана смрт, соопшти МВР.
Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје и известен е Јавен обвинител по чија наредба телото е предадено за обдукција.
Црна хроника
Скопјанка натепана од поранешниот партнер среде бел ден во парк

40-годишна скопјанка пријавила дека вчера околу 14.00 часот во парк на подрачјето на Центар, по претходна расправија, била физички нападната од нејзиниот поранешен вонбрачен партнер В.М..
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопшти МВР во дневниот билтен.
Црна хроника
Грк почина во казино во Гевгелија

Синоќа во полицијата е пријавено дека во казино од хотел на подрачјето на Гевгелија, Г.З.(67) од Грција се струполил на подот.
Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство, соопшти МВР.
Увид извршиле увидна екипа на Полициска станица Гевгелија и Јавен обвинител, по чија наредба телото е предадено за обдукција.