Црна хроника
Пронајдена марихуана во автомобил, две лица приведени
Полициски службеници на Секторот за внатрешни работи од Тетово на локалниот пат што ги поврзува тетовските села Челопек и Стримница запреле патничко моторно возило „фиат пунто“ со тетовски регистерски ознаки, а во возилото била пронајдена дрога.
Како што соопштија од МВР, возилото го управувал 32- годишниот С.Ч. од Желино, а во возилото се наоѓал и 28-годишниот Л.Ј. од истото село.
При преглед на возилото и лицата пронајдено е ќесе со марихуана, по што двете лица се приведени и задржани во полициска станица.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.