Црна хроника
Пронајдена марихуана во затвор во Тетово
Кеса со марихуана била пронајдена вчера во кругот на затворот во Тетово.
Како што информираат од полицијата, дрогата ја пронашол вработен во Казнено-поправната установа.
Кесето било подигнато за вештачење.
МВР презема мерки за расчистување на случајот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Лажни дојави за бомби во „Јане Сандански“ и соседниот хотел
Вчера во 20:51 и 21:17 часот, на линијата за итни повици 112 биле примени две телефонски пријави за наводно поставени експлозивни направи во Спортската сала „Јане Сандански“ и во хотелот што се наоѓа веднаш до неа.
Полицијата веднаш презела мерки, извршени биле сите неопходни проверки, при што било утврдено дека се работи за лажни дојави.
Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Приведен жител на Русиново, со стаклен предмет тешко повредил дете
Утрово, на 23 ноември 2025 година, околу 08:15 часот во селото Русиново, беровско, полициски службеници го лишија од слобода Ј.К.(25) од истото село.
Приведувањето уследи по претходна пријава дека во викенд-куќа во селото, по расправија, тој со стаклен предмет нападнал малолетник од Македонска Каменица, нанесувајќи му тешки телесни повреди.
Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Уапсени седум лица во Скопје и Тетово, пронајдена дрога и нож
Во текот на 22 и 23 ноември 2025, на повеќе локации во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода М.Џ.(21), И.Т.(31), С.П.(26), Е.Н.(31), И.Г.(25) и А.П.(26) – сите од Скопје, како и И.М.(35) од Тетово.
При контролите кај нив биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја, марихуана, таблети и нож.
Од МВР информираат дека по целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

