Црна хроника
Пронајдени две починати лица во Скопско: едното било пријавено за исчезнато

Вчера во 13.21 часот во СВР Скопје било пријавено дека на потегот од клучка Арачиново кон клучка Хиподром било пронајдено тело на починато машко лице.
По преземени мерки и извршен увид било констатирано дека се работи за Б.М.(63) од Скопје, за кој на 27.10.2024 беше пријавено дека се оддалечил од домот.
Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.
Истиот ден во 09.27 часот во СВР Скопје било пријавено дека на кеј на реката Вардар, во близина на паркот „Франкофонија“, било пронајдено тело на починато машко лице.
Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Уапсен 61-годишен маж: бил затекнат како предизвикува пожар во скопско Огњанци

Денеска полициски службеници од СВР Скопје во 18.30 часот, кај старата депонија во село Огњанци го затекнале 61-годишниот А.Ф. од село Огњанци, како предизвикува пожар на сува трева и ѓубриште.
Пожарот е изгаснат, а А.Ф. е лишен од слобода во полициска станица и ќе биде известен надлежен јавен обвинител.
Црна хроника
Со комбе му ја загрозил безбедноста на мотоциклист во Струшко

Вчера во ОВР Струга е пријавено дека, на локален пат во струшкото село Делогожда, Л.Ж. , кој управувал комбе, му ја загрозил безбедноста на В.Д.(35), двајцата од истото село, кој на патот управувал моторцикл.
По целосно документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти полицијата.
Црна хроника
Ја присилил ќерка си да пита во Дебар: уапсен маж од Скопско

Синоќа во 20.40 часот, во ОВР Дебар лишен од слобода е С.Р.(30) од скопската населба Шуто Оризари.
Тој се сомничи дека го сторил казненото дело „Запуштање и малтретирање дете“ бидејќи ја присилил неговата малолетна ќерка да врши питачење на улицата „Елена Ѓика“ во Дебар каде биле затекнати од полициските службеници.
За настанот, известени се јавен обвинител и Центарот за социјални работи во Дебар и по целосно документирање, ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти МВР.