Црна хроника
Пронајдени кутии со брендирани обувки во товарно возило кај Побожје, во возилото бил пронајден и пиштол

Вчера, околу 22.20 часот, на локален пат во с. Побожје, кон местото наречено Рамно, од страна на мобилната единица за компензаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграции запрено е товарно моторно возило „мерцедес спринтер“, со скопски регистарски ознаки.
При извршен преглед на возилото пронајдени се 110 пакети, во кои имало 1.320 кутии со обувки – патики во разна величина и натписи од разни брендови за кои лицата немале соодветна документација.
Исто така, при извршениот преглед на возилото пронајден е и пиштол.
Љ. И. (38) од с. Танушевци, Скопско, и Р. И. (63) од с. Визбегово, Скопско, се лишени од слобода поради сомнение за сторено кривично дело по член 278 и член 396 од Кривичниот законик и се спроведени во ПО Мирковци за понатамошна постапка.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Нападнат ученик од основно училиште во Свети Николе

Полицијата поднесе известување против малолетник од Свети Николе поради постоење насилство врз дете.
Како што соопшти МВР, на 4 јуни во основно училиште во светиниколско село, пријавениот физички нападнал ученик од истото училиште и му нанел телесни повреди.
Црна хроника
Женa во Кисела Вода чистела стара куќа и нашла лименки со натпис „топовски удар“, имало и фитили

Во Скопје, на подрачјето на Кисела Вода, 65-годишна жена при чистење на напуштена куќа што припаѓа на нејзините родители пронашла две лименки завиткани со селотејп. На лименките имало натпис „топовски удар“ и биле поставени фитили.
Жената случајот го пријавила во полицијата на 15 октомври. По пријавата, на местото излегле полициски службеници кои ги подигнале предметите за понатамошна постапка.
Според МВР, се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Пензионер од Струмица пукал со воздушна пушка кон бензинска пумпа

Полицијата од Струмица поднесе кривична пријава против П.Ж.(71) од овој град поради предизвикување општа опасност.
„На 12.10.2025 околу 16:00 часот, пријавениот со воздушна пушка пукал во правец на бензинска пумпа, каде што биле складирани боци со плин“, соопшти МВР во дневниот полициски билтен.